Ивона Јо споделува: „17 дена по операцијата за кратење на желудникот - која ми е дневната цел?“
- Детали
- вторник, 21 септември 2021
„Сфатив дека долго време многу пари од сопствениот буџет оделе на јадење. Купување храна и во моменти кога тоа не било потребно“, раскажува Ивона Јо во постоперативниот период.
Ивона Јо е македонска пејачка и инфлуенсерка која неодамна одлучи да направи операција за кратење на желудникот.
Таа детално споделуваше како се одвиваше целиот процес.
На 17-тиот ден по операцијата, пред десетина дена, со своите следбеници на Инстаграм сподели како се чувствува:
„Одлучив и споделив со вас за пешачењето и неделните goals. Оваа недела се 7.000 чекори, но скоро, па секогаш стигнувам до 8.000 затоа што почнувам да се враќам кон секојдневните обврски.
Денес пешачев сама во природа и морам да признам дека пешачењето сам има свои бенефиции.
Сфатив дека долго време многу пари од сопствениот буџет оделе на јадење. Купување храна и во моменти кога тоа не било потребно. Причина? Емотивно хранење и компулсивно купување.
Вчера си се почестив (РАЗМИСЛИВ ПРЕД ДА КУПАМ) со еден smart часовник кој ќе биде мојот пријател и ќе ми помага да броиме заедно чекори, километри, па и калории на крај.
Компулсивното купување на храна претпоставувам дека ќе се префрли кон компулсивно купување на облека. Но тоа нема да е проблем нели?“
https://www.instagram.com/p/CTruJ4_MVQl/
Инаку, Ивона деновиве споделува фотографии од своите прошетки, но и од новиот имиџ.
По оштетувањето од големиот број екстензии, таа ја потстрижа косата навистина кусо, а сега одлучи да ја расте повторно. Поради тоа открива дека си набавила перика за процесот на растење на косата да го мине полесно.
Нови фотки од Ивона на повеќе од дваесетина дена по операцијата:
https://www.instagram.com/p/CTkJMRUpasf/
https://www.instagram.com/p/CT247pTsDIF/
https://www.instagram.com/p/CT-KrpqjJgm/
https://www.instagram.com/p/CUAlyadMtCw/
Прочитајте и Наша инфлуенсерка споделува: „Бев на операција за кратење на желудникот во Турција - од каде да почнам?“
С. С. | Црнобело