Марјана Станојковска издоминира на Охридски трубадури 2021-ва - пееше со Владо Калембер, елегантни модни изданија

„Голема чест ми беше што на интернационалната вечер од Охрид Фест - Охридски Трубадури 2021-ва имав можност заедно со нашиот специјален гостин Владо Калембер да го изведеме неговиот познат хит од 1984 „Ciao Amore“, напиша Марјана на својот Инстаграм профил и објави видео од изведбата.

marjana-stanojkovska-izdominira-na-ohridski-trubaduri-peeshe-so-vlado-kalember-elegantni-modni-izdanija-01.jpg

Марјана Станојковска и оваа година се појави како домаќин на годинешниот фестивал Охрид Фест-Охридски Трубадури.

marjana-stanojkovska-izdominira-na-ohridski-trubaduri-peeshe-so-vlado-kalember-elegantni-modni-izdanija-02.jpg

Како и секогаш, таа покажа дека е вистинскиот избор за улогата, па од изглед - до изненадување со талентот за пеење, во голема мера беше заслужна за одличната атмосфера на фестивалот.

На својот Инстаграм профил таа напиша:

„Благодарност до организаторите за укажаната доверба да и оваа година бидам ваш домаќин на Охрид Фест-Охридски Трубадури 2021-ва. Низ ноти испишавме уште една фестивалска вечер за паметење!

Охрид Фест има огромно значење за нас, бидејќи е единствениот фестивал кој се уште гради регионални мостови на музиката. Како што кажа и уметничкиот директор на интернацоналната вечер Горан Шарац „Охрид Фест, тоа е како Евровизија на Балканот“.

Затоа треба да го цениме и негуваме и да му ја дадеме сета наша поддршка, бидејќи музиката е таа што ги спојува луѓето и без неа животот би бил пуст и бесмислен.

marjana-stanojkovska-izdominira-na-ohridski-trubaduri-peeshe-so-vlado-kalember-elegantni-modni-izdanija-03.jpg

Благодарност до сите изведувачи кои ни приредија вистинско музичко уживање, како и до екипата на МРТВ  која неуморно работеше на реализацијата на фестивалот.

На 28-тото издание на фестивалот „Охрид Фест- Охридски трубадури“ низ ноти испративме поздрави со најубави желби за добро здравје, љубов, мир и благосостојба меѓу народите. Ја славевме музиката и љубовта како нејзина главна и непресушна инспирација.

marjana-stanojkovska-izdominira-na-ohridski-trubaduri-peeshe-so-vlado-kalember-elegantni-modni-izdanija-04.jpg

Исто така, голема чест ми беше што на интернационалната вечер од Охрид Фест - Охридски Трубадури 2021-ва имав можност заедно со нашиот специјален гостин Владо Калембер да го изведеме неговиот познат хит од 1984 „Ciao Amore”, инаку дует со Изолда Баруџија кој премиерно беше изведен во Универзалната Сала во Скопје во рамките на тогашната Југовизија, а како победничка нумера за таа година подоцна и претставник на Југославија на Евросонг во Луксембург.“

Фотки од Марјана на Охрид Фест-Охридски Трубадури 2021-ва:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марјана Станојковска и Дејан Лилиќ блеснаа на Охрид Фест, Елена Најдоски на журка на Миконос: Што пр... Се одржа 31-вото издание на фестивалот Охрид Фест, а Марјана Станојковска уште е...
Доминираa црни и црвени аутфити: Модата на Златна Бубамара 2024 (фото) Андријана Јаневска и Вера Мештеровиќ блеснаа во впечатливи црвени тоалети, Марја...
Ја пееше „Македонско девојче“, се расплака на песната за синот – Како помина концертот на Северина в... „Скопје, срцево ми е полно колку оваа арена“ – рече Северина на вчерашниот конце...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Провокативна фотосесија на Калтрина во Милано На фотките објавени на Инстаграм, Калтрина носи смела креација од македонска мод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg