Жена од Валандово е вистинска инспирација - лета сама за САД, правеше журка за 80-тиот роденден (фото)

„Не се дружам со луѓе од моја генерација, се дружам со млади и не се каам за ниту една работа што сум ја направила во животот - да го живеам животот одново, би го сторила истото“, вели инспиративната жена од Валандово, која животот го минала во САД, но секогаш се враќа на корените.

babichka-od-valandovo-e-vistinska-inspiracija-leta-sama-za-sad-praveshe-zhurka-za-80-tiot-rodenden-foto-01.jpg

Бев на посета кај роднините во Валандово, мало прекрасно гратче кое го обожавам, а таму во еден локал ме дочека сцена што ме наполни со некоја убава и позитивна енергија.

Сцена која ви ја враќа вербата дека животот може да биде убав само ако самите си го направите и тоа во секоја доба.

Постара жена, одлично дотерана, со бисери и со тренди диоптерски очила со дебела рамка славеше роденден и тоа ниту помалку, ниту повеќе, туку 80-тиот роденден.

babichka-od-valandovo-e-vistinska-inspiracija-leta-sama-za-sad-praveshe-zhurka-za-80-tiot-rodenden-foto-03.jpg

Насмеана и ведра, таа уживаше во друштвото на саканите. Едноставно вистинска инспирација. Нешто сосема поинакво од оние стари луѓе кои ја губат желбата за живот, седат по цел ден пред телевизор и не излегуваат од дома.

Мене оваа жена ми беше инспиративна, кога ќе остарам сакам да бидам како неа, си помислив во мигот кога ја видов. Верувам ќе ви биде и вам.

Морав да дознаам која е таа, а во Валандово речиси сите се знаат, па не ми беше тешко да го направам тоа. Најголема благодарност за мојот пријател Ристе Турунџиев.

Ви ја пренесувам на кратко нејзината животна приказна:

Викториа Исиров е родена 10 септември 1941 година. Најгорда во животот е на своите два сина. Нејзиниот сопруг Перо, за жал, е починат, но имала среќа да минат 47 години во среќен и хармоничен брак.

Родена е во Валандово, а живее во Чикаго од далечната 1968 година.

Уште во тоа време татко ѝ успеал легално да замине таму на печалба, а по година, две работа ги повлекол таму Викториа и нејзиниот сопруг.

babichka-od-valandovo-e-vistinska-inspiracija-leta-sama-za-sad-praveshe-zhurka-za-80-tiot-rodenden-foto-08.jpeg1959  година – испраќање во војска на сопругот Перо во центарот на Валандово

Почнала да работи на само 15-годишна возраст во Валандово, а и денес на 80 години во САД уште работи, иако е отидена во пензија.

Не работи со работно време од 8 часа на ден, туку со скратено работно време, како контролор во фирма за хигиена во станбени и деловни простории.

Вели дека токму работата е тоа што ја одржува во живот. Постојано е во движење, а дури и по работното време не седи пред телевизор, туку излегува и се дружи со пријателите, сака да биде со луѓе.

babichka-od-valandovo-e-vistinska-inspiracija-leta-sama-za-sad-praveshe-zhurka-za-80-tiot-rodenden-foto-12.jpeg1974 година – со првиот автомобил што го купиле во САД

На тема мода за CRNOBELO.com Викториа вели:

„Многу сакам мода, сметам дека имам добар вкус и знам да проценам што е убаво. Омилени парчиња ми се чантите од Шанел и Луи Витон. Сакам уникатни, специфични парчиња, а не некое кое го имаат сите. Моден детаљ од кој не се делам ми се бисерите.“

babichka-od-valandovo-e-vistinska-inspiracija-leta-sama-za-sad-praveshe-zhurka-za-80-tiot-rodenden-foto-04.jpeg

Исидора ни открива дека постојано шета низ светот и ужива во патувањата. Периодов три месеци престојувала во родната Македонија, па ќе оди на Флорида, а потоа на листата за посета ѝ е Лондон.

Сама лета со авион и одлично се снаоѓа по аеродромите.

На прашањето која е тајната на нејзината младешка енергија, таа со насмевка вели:

„Не се дружам со луѓе од моја генерација, се дружам со млади, повеќе ми одговараат за комуникација.“

babichka-od-valandovo-e-vistinska-inspiracija-leta-sama-za-sad-praveshe-zhurka-za-80-tiot-rodenden-foto-10.jpeg

За изборите во својот живот вели: „Не се каам за ниту една работа што сум ја направила, да го живеам животот одново, би го сторила истото.“

Нејзино мото е дека без работа не се живее, треба да ризикувате во животот за да постигнете нешто. Таа вели дека постигнала сè што замислила и во Македонија и во САД.

babichka-od-valandovo-e-vistinska-inspiracija-leta-sama-za-sad-praveshe-zhurka-za-80-tiot-rodenden-foto-09.jpeg

Вели дека ги обезбедила внуците за во иднина и среќна е поради тоа.

За среќен живот вели дека е потребно да се работи многу - посветено и со љубов, да се има слога и да се патува низ целиот свет.

babichka-od-valandovo-e-vistinska-inspiracija-leta-sama-za-sad-praveshe-zhurka-za-80-tiot-rodenden-foto-11.jpeg

babichka-od-valandovo-e-vistinska-inspiracija-leta-sama-za-sad-praveshe-zhurka-za-80-tiot-rodenden-foto-07.jpeg

babichka-od-valandovo-e-vistinska-inspiracija-leta-sama-za-sad-praveshe-zhurka-za-80-tiot-rodenden-foto-06.jpg

babichka-od-valandovo-e-vistinska-inspiracija-leta-sama-za-sad-praveshe-zhurka-za-80-tiot-rodenden-foto-05.jpeg

Доколку сакате и вие да ни раскажете интересна приказна или познавате и вие некоја личност што сметате дека е инспиративна, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg