Бајковит роденден на ќерката на Сара Мејс, Стефан од Некст Тајм носталгичен по Влатко Илиевски: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- понеделник, 13 септември 2021
Елена Ристеска ѝ го славеше роденденот на една од најомилените личности во нејзиниот живот, на нејзиниот убавец, Весна Петрушевска позираше во природно издание, а пак Стефан од Некст Тајм се потсети на македонскиот Бон Џови, на никогаш прежалениот Влатко Илиевски, кој Македонија за жал прерано го изгуби.
Елена Ристеска му славеше роденден на својот најдобар пријател - стилистот Даниел Николовски со зборовите:
„Сè е менливо во мојот живот само ти си константа. Убавец мој, брат мој, целата среќа на светов ти ја праќам затоа што ја заслужуваш. Твојата тага и среќа и твојата болка и радост ги чувствувам како да се мои. Некои луѓе еднаш ќе ти влезат во срце и остануваат засекогаш. Те сакам“.
Сара Мејс и Димитар Атанасовски на ќеркичката ѝ организраат бајковит трет роденден со многу гости и торта со еднорог.
Што правеа македонските ѕвезди деновиве?
Сара Мејс и Димитар Атанасовски
Стефан од Некст Тајм објави стара фотографија со Влатко Илиевски
https://www.instagram.com/p/CTfFT3DMtlS/