Состојба до 06.09.2021: Регистрирани 199 новозаболени и 32 починати лица
- Детали
- понеделник, 06 септември 2021
Во последните 24 часа се направени 2.558 тестирањe, а регистрирани се 199 нови случаи на КОВИД-19.
- Скопје – 157
- Куманово и Кавадарци – по 6
- Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар – по 4
- Велес- 3
- Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 2
- Богданци – 1
Пријавени се 32 починато лице: 13 починати лица од Скопје (80г, 76г, 75г, 72г, 72г, 69г, 69г, 64г, 61г, 57г, 55г, 45г, 35г), 6 починати лица од Тетово (81г, 78г, 77г, 69г, 62г, 53г), 3 починати лица од Гостивар (83г, 74г, 68г), 2 починати лица од Велес (72г, 64г) и по едно починато лице од Прилеп (80г), Кавадарци (72г), Охрид (77г), Струмица (77г), Струга (79г), Свети Николе (57г), Радовиш (49г) и Делчево (71г). 30 од пријавените починати лица се починати во болнички услови, двајца се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од:
- Скопје – 164
- Тетово – 115
- Струмица – 50
- Куманово – 40
- Гостивар – 35
- Штип – 26
- Кавадарци – 20
- Кичево – 15
- Битола – 14
- Велес – 11
- Дебар – 10
- Ресен и Пробиштип – по 9
- Валандово – 8
- Прилеп – 7
- Кочани -6
- Кратово – 5
- Неготино и Радовиш – по 4
- Свети Николе – 2
- Виница и Богданци – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.190.914 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781