Зоки Бејбе со емотивна честитка за 60 години брак на родителите: „Се сеќавам кога се возевме во Дијаната и ја пеевте 'Не кажувај либе добра ноќ'“
- Детали
- четврток, 02 септември 2021
Диџејот Зоки Бејбе на својот Фејсбук профил сподели прекрасна честитка по повод 60-годишнината од бракот на неговите родители.
Ја пренесуваме во целост:
Денес моите родители Тања и Стево слават редок јубилеј, 60 години брак. Пресреќен сум што ве имам здрави живи весели.
Уште долги години да бидете вака млади со духот и начинот на размислување и да сте со добро здравје. 60 години брак значи и семејство во кое јас сум постојано сакан и привилегиран ваш син, за што сум Ви благодарен.
60 години значи и ваш специфичен кроток однос кон сè, па и во негувањето на вашите пријателства со што ми дадовте убав пример за тоа како се живее животот со сè околу себе.
Има една случка од детството кога прв пат сакав вие двајца да сте секогаш заедно бидејќи многу се сакате и сега ќе ја раскажам. Патувавме со Дијаната ноќе низ длабоките шуми на Босна. Јас имав можеби 6 години не повеќе и на задните седишта направени во кревет мислевте дека спијам.
Во еден момент мама ја запеа “Не кажувај либе добра ноќ” тивко за да не ме разбуди, а татко ми продолжи да ја прати. Бидејќи бев „стар маал“ текстот на песната ми беше многу мноу љубовен и цел тој момент беше магичен. Тогаш на таа возраст посакав цел живот да сте заедно во љубов во сите форми кои истата ги има и расте со годините!
Среќна годишнина мама и тато, за многу години здравје среќа и љубов!
https://www.facebook.com/zokibejbe/posts/4430474447014458
С. С. | Црнобело