Браво! Срцето на хумана Македонка продолжи да чука во градите на човек кој доби втора шанса за живот
- Детали
- среда, 25 август 2021
Во Македонија изведена е уште една трансплантација на срце. Горди сме, среќни и благодарни што во Македонија постојат хумани луѓе, но и врвни професионалци.
Изведена е уште една трансплантација на срце во Македонија.
„Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот. Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.
Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот ❤️ Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган.
Posted by Венко Филипче on Wednesday, August 25, 2021
Пред тоа министерот објави:
Утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор.
По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба - нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа.
Почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво. На моите колеги од КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за нефрологија, Институтот за трансфузиона медицина и Институтот за радиологија, им посакувам успешна работа. Сочувство до семејството на 42 годишната пациентка и неизмерна благодарност за нивната хуманост и добрина.
Утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор. ❤️ По...
-->Posted by Венко Филипче on Wednesday, August 25, 2021
С. С. | Црнобело