Состојба до 20.08.2021: Регистрирани 1.074 нови случаи, 24 починати
- Детали
- петок, 20 август 2021
Во последните 24 часа се направени 7.571 тестирањe, а регистрирани се 1.074 нови случаи на КОВИД-19:
- Скопје – 357
- Гостивар и Тетово – по 155
- Куманово – 74
- Кичево – 51
- Струмица – 40
- Дебар – 20
- Струга - 27
- Велес – 22
- Прилеп – 21
- Битола и Штип – по 17
- Кавадарци – 16
- Гевгелија – 15
- Свети Николе – 13
- Ресен – 11
- Охрид и Кочани – по 9
- Радовиш, Валандово и Кратово – по 8
- Богданци – 6
- Берово и Македонски Брод – по 5
- Неготино, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пехчево – по 1
Пријавени се 24 починати лица: по 6 починати лица од Скопје (69г,70г,73г,76г,77г и 79г), 5 починати лица од Куманово(59г,60г,67г,69г и 78г), 4 починати лица од Тетово (47г,62г 67г и 68г), 3 починати лица од Кичево (64г,67г и 77г), 2 починати лица од Гостивар (63г и 74г), по едно починато лице од Валандово (43г), Охрид (61г), Струмица (73г), и Битола (74г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 291 оздравен пациент од:
- Скопје – 81
- Гостивар – 80
- Тетово – 38
- Кичево – 32
- Куманово и Дебар – по 12
- Радовиш – 7
- Битола и Струмица – по 6
- Кавадарци и Валандово – по 3
- Прилеп, Штип, Свети Николе и Македонски Брод – по 2
- Велес, Крива Паланка и Виница - по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.093.646 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 166.741, бројката на оздравени пациенти е 151.692, на починати е 5.632, а бројот на активни случаи изнесува 9.417.