Кои од познатите личности се родени во Куманово?
- Детали
- петок, 19 јануари 2024
Дали знаевте дека овие познати личности се родени и детството го поминале во Куманово?
Куманово е трет град по број на жители во Македонија, а може да се каже и дека е извор на талентирани личности.
Пејачи, актери, водители, писатели дизајнери - едни од најуспешните и најпопуларни личности од Македонија, се родени токму во Куманово.
Секој од нив гордо кажува дека потекнува од овој град.
Еве дел од нив:
Тони Михајловски
Истакнатиот актер и водител, Тони Михајловски е роден во Куманово во 1967 година.
На локалните избори во 2021-ва, Тони се кандидираше и за градоначалник на овој град.
Сашко Коцев
Актерот Сашко Коцев долги години веќе живее во Скопје, но никогаш не го заборава својот роден град Куманово и секогаш со задоволство се враќа меѓу своите.
„Според мене, секому неговиот роден град му е посебен.
Секое враќање на кратко или на подолго во моето Куманово, за мене е посебно чувство зашто ќе ги сретнам оние лица што ме враќаат наназад низ годините и ме потсетуваат на сите убави моменти“ - кажа Сашко во интервју за CRNOBELO.
Мартија Станојковиќ
Мартија има само 19 години, а со својот глас освен македонската, ја освои и публиката од регионот.
Талент за музика покажала уште кога имала само 5 години.
Во 2015 година учествуваше во музичкиот натпревар „Пинкови ѕвездички“, а во 2016 ја претставуваше Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија во Малта.
И таа е една од познатите личности кои потекнуваат од Куманово.
Ива Спасовска
Ива Спасовска има 33 години и е една од најдобрите и најуспешни модни креаторки кај нас, а потекнува од Куманово.
Нејзините креации ги носат многу од познатите, а Инстаграм профилот ѝ е посветен на женската мода и убавина.
Ивона Јовановиќ
Ивона е родена а 8 август 1996 година и целото детство го поминала во Куманово.
Својата кариера ја започна учествувајќи во многу музички натпревари, меѓу кои „Македонски идол“, „Сите наши песни“, „Ѕвездите на Гранд“, а денес е една од најуспешните млади пејачки кај нас и живее во Скопје.