Сашко Коцев за родниот град: „Во Куманово секогаш се враќам со радост, таму ми се случија првите бакнежи и љубовни рани“

„Секое враќање на кратко или на подолго во моето Куманово за мене е посебно чувство затоа што ги среќавам оние лица што ме враќаат наназад низ годините и ме потсетуваат на сите убави моменти“, вели актерот Сашко Коцев во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.

sashko-kocev-za-rodniot-grad-vo-kumanovo-sekogash-se-vrakjam-so-radost-tamu-mi-se-sluchija-prvite-baknezhi-i-ljubovni-rani-01_1_copy.jpgфото: Инстаграм

Актерот Сашко Коцев долги години живее во Скопје, но и покрај тоа не го заборава својот роден град Куманово.

Вели, родната грутка секогаш го влече, бидејќи таму му е семејството, ама и најдобрите другари кои ги знае откога знае за себе.

sashko-kocev-za-rodniot-grad-vo-kumanovo-sekogash-se-vrakjam-so-radost-tamu-mi-se-sluchija-prvite-baknezhi-i-ljubovni-rani-05_copy.jpg

Но, за Сашко, родното Куманово секогаш ќе биде асоцијација и на првите љубови, првите бакнежи и љубовни рани.

sashko-kocev-za-rodniot-grad-vo-kumanovo-sekogash-se-vrakjam-so-radost-tamu-mi-se-sluchija-prvite-baknezhi-i-ljubovni-rani-02.jpg

Тој за CRNOBELO.com раскажа кои се најубавите спомени кои го врзуваат за градот и кои и сега му будат убава носталгија.

„Мислам дека секој си го сака својот роден град и секому му недостасува неговиот роден град ако е иселен и не живее веќе таму, тоа е нормално.

sashko-kocev-za-rodniot-grad-vo-kumanovo-sekogash-se-vrakjam-so-radost-tamu-mi-se-sluchija-prvite-baknezhi-i-ljubovni-rani-04.jpg

На секој неговиот роден град му е посебен, затоа што таму е неговото семејство, таму се неговите најблиски другари, а другар е оној што го знаеш од свои 5 години и можеш да не го сретнеш 2-3 години, а кога ќе се видите, како да не поминало воопшто никакво време.

Сфаќањата се исти, иста е смеата, иста е дружбата, иста е енергијата, исти се другарството и верноста кои сте ги имале на свои 5, 12 или 25 години.

sashko-kocev-za-rodniot-grad-vo-kumanovo-sekogash-se-vrakjam-so-radost-tamu-mi-se-sluchija-prvite-baknezhi-i-ljubovni-rani-03.jpg

Тој град ти е посебен затоа што таму си израснал, таму си ги научил првите работи на училиште, таму е твојот школски двор, каде што биле првите другарства, првите љубови, таму биле првите бакнежи, првите љубовни рани, првите другарски рани.

sashko-kocev-za-rodniot-grad-vo-kumanovo-sekogash-se-vrakjam-so-radost-tamu-mi-se-sluchija-prvite-baknezhi-i-ljubovni-rani-07.jpg

Родниот град е посебен затоа што таму еден ден си станал и си рекол: „Овој мој роден град веќе ми е мал, сакам уште поголем предизвик“ и си тргнал во новите предизвици.

Но, секогаш ќе ти стои и ќе те влече родната грутка, без разлика колку си далеку од родниот град, без оглед дали си во истата држава или во различна.

Според мене, секому неговиот роден град му е посебен.

Секое враќање на кратко или на подолго во моето Куманово за мене е посебно чувство зашто ќе ги сретнам оние лица што ме враќаат наназад низ годините и ме потсетуваат на сите убави моменти.“

sashko-kocev-za-rodniot-grad-vo-kumanovo-sekogash-se-vrakjam-so-radost-tamu-mi-se-sluchija-prvite-baknezhi-i-ljubovni-rani-06_copy.jpg

Повеќе фотографии од Куманово на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg