Кои од познатите личности се родени во Куманово?
Драган Величковски - Тајзи
Хип-хоп изведувачот има 36 години и може да се пофали со интернационална кариера.
Некои од неговите песни ги има испеано на кумановски дијалект и секогаш со гордост истакнува дека е роден во Куманово.
Венко Андоновски
Еден од најпопуларните и најчитаните македонски писатели во 21 век е роден на 30 мај 1964 во Куманово.
Неговите дела се преведени на десетина јазици: англиски, француски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски...
Нино Величковски
Фолк-пејачот Нино Величковски ја гази седмата деценија од животот и понатаму живее во своето родно Куманово.
Во својата кариера има издадено неколку албуми со свои авторски песни и раководител е на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово.
Елена Најдовски
Водителка Елена Најдовски, позната во јавноста како Елена „Живот со стил“ според истоимената емисија на која работеше долги години, исто така е родена во Куманово.
Нејзината емисија со години беше една од најгледаните кај нас.
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм, Фејсбук