Автокоманда и Ченто се спојуваат со велосипедска патека

Скопје, 17.08.2021 година - Изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба е во тек.

avtokomanda-i-chento-se-spojuvaat-so-velosipedska-pateka-01.JPG

Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.

- Градот Скопје во текот на оваа година надмина 100 километри велосипедски патеки. Освен на оваа делница, каде што сме денеска, се работи на велопатеката на булеварот Видое Смилевски Бато, како и на велолентите на улиците Христо Татарчев и Рузвелтова и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов со што со право Скопје веќе може да се нарече велоград.

Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа.

Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, кој заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски изврши увид во градежните работи на оваа значајна велосипедска делница.

avtokomanda-i-chento-se-spojuvaat-so-velosipedska-pateka-02.JPG

Шилегов ги повика граѓаните во своето секојдневно движење да користат велосипеди или јавен превоз со што ќе придонесат за поздрава животна средина.

За потсетување, Градот Скопје минатата година целосно го реконструираше коловозот на булеварот Александар Македонски во должина од 5.300 метри кој е од исклучително значење бидејќи се наоѓа на источниот влез на Скопје.

avtokomanda-i-chento-se-spojuvaat-so-velosipedska-pateka-03.JPG

Значајно е да се нагласи и дека велосипедски патеки се предвидени и на новиот дел од улицата Васко Карангелевски, на булеварите АСНОМ и Никола Карев и на клучката кај Момин Поток.

avtokomanda-i-chento-se-spojuvaat-so-velosipedska-pateka-04.JPG

avtokomanda-i-chento-se-spojuvaat-so-velosipedska-pateka-5.JPG

Би можело да ве интересира:

Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Ќерката на Александар Митевски слави матура: „Биди среќна и успешна“ Пет години откако правеше матурска прослава за ќерката Ања, Александар Митевски ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg