Српска инфлуенсерка по посетата на Скопје и Охрид: „Не можам да ги опишам убавините што ги крие нашата сосетка Македонија“

„Прво нè потсети на Сараево, па потоа на Будимпешта, па малку на Виена – го сакам Скопје, а во Охрид е малку една недела за да посетам и пробам сѐ“ – српска инфлуенсерка воодушевена од нашата земја.

srpska-influenserka-po-posetata-na-skopje-i-ohrid-ne-mozham-da-gi-opisham-ubavinite-shto-gi-krie-nashata-sosetka-makedonija-01.jpg

Голем број туристи од соседството решија ова лето одморот да го поминат кај нас и да го посетат нашиот бисер Охрид. Меѓу нив е и српската инфлуенсерка Марина Василијевиќ, која на Инстаграм објавува фотографии под псевдонимот gdja_pufna.

Василијевиќ често патува, па досега била на повеќе дестинации како на Балканот, така и низ светот. Грција, Србија, Босна и Херцеговина, САД, Египет, Русија...

Ова се само дел од дестинациите што таа ги посетила и од каде досега објавила фотографии. Таа во изминатиот период имаше прилика да прошета низ главниот град на Македонија, но и да помине една недела во Охрид, а своите впечатоци ги споделува на Инстаграм.

Таа е фасцинирана од убавините на Скопје, што го споредува со некои од светските метрополи, а за Охрид вели дека една недела не е доволна за да ги посети сите места што би сакала да ги види.

Погледнете како изгледаат убавините на Македонија низ призмата на оваа српска инфлуенсерка:

„Кога не очекуваш, па ќе се воодушевиш од убавината на градот“ – напиша таа до фотографијата направена на „Мостот на уметноста“ во Скопје.

„Не се знае дали е поубав дење или ноќе. Прво нè потсети на Сараево, па потоа на Будимпешта, па малку на Виена... Секако, мошне симпатичен град. Вредат поминатите 24.000 чекори во еден ден. Го сакам Скопје“.

„И паркови и шеталишта, плоштади и широки булевари, опера, филхармонија, безброј пешачки мостови на Вардар. И микс на сите стилови и култури. И ново и старо. Без гужва, бучава, со голем број содржини. Со еден збор „ВООДУШЕВУВАЊЕ“! Скопје.

„Не можам со зборови да ги опишам убавините што ги крие оваа наша „сосетка“ Македонија. Охрид.

„Се вљубив во ова магично место“

„Малку е една недела во Охрид за да можам да посетам и да пробам сè што сакам.“

„Ова е Балкан - Заливот на коските во Охрид.“

srpska-influenserka-po-posetata-na-skopje-i-ohrid-ne-mozham-da-gi-opisham-ubavinite-shto-gi-krie-nashata-sosetka-makedonija-03.jpg

srpska-influenserka-po-posetata-na-skopje-i-ohrid-ne-mozham-da-gi-opisham-ubavinite-shto-gi-krie-nashata-sosetka-makedonija-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пере од „Нокаут“ ја носи ќеркичката во градинка со велосипед на дожд (видео) „Скопско дете накај градинка, се насмевнува на дождот, како да е сончево. Дождот...
Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Објава на Македонка ги подели мислењата: „Охриѓани мавате со дрва и камења по скопјани, а со скапоти... Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари го...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg