Почина Сабина Ајрула - колегите се збогуваат: „Таа беше величествена жена, врвен професионалец и голем голем човек“

Македонската актерка Сабина Ајрула Тозија по подолго боледување почина на 75-годишна возраст, а колегите со објави на социјалните мрежи се збогуваат од актерката што целиот свој живот го посвети на „штиците што живот значат“.

kolegite-se-zboguvaat-so-sabina-ajrula-taa-beshe-velichenstvena-zhena-vrven-profesionalec-i-golem-golem-chovek-01.jpg

Актерката Сабина Ајрула-Тозија, неодамна беше оперирана од тумор на мозокот. Според информациите од турските медиуми на Сабина ѝ се слошило додека престојувала во Македонија за време на новогодишните празници.

Во доцните часови на 10-ти август 2021, пристигна веста дека Сабина починала, а голем број од нејзините колеги се потсетија на неа и се збогуваа од својата колешка и пријателка на социјалните мрежи. 

„За твојот 40ти роденден, во бифето на Драмски театар, после претставата, ти отпеав песна за тебе што ти ја напишав како подарок. Додека ти ја пеев со гитарата, ја имаше истата оваа насмевка, која нема никогаш да ја заборавам. Збогум Сабина...“ – напиша на својот Инстаграм профил познатиот македонски актер и шоумен Игор Џамбазов.

Со објава на Facebook од Сабина се прости и актерката и Јелена Жугиќ:

„Имав огромна чест да бидеме колешки, партнери на сцена, пријателки, да делиме иста гримиорна во Драмски, да ми биде голема поддршка на почетокот на кариерата. Задоволство беше да се учи и за театарот и за животот од Сабина Ајрула Тозија.

Паметам како вчера да беше…

- иако во театарот имавме одличен шминкер, Сабина инсистираше да ме научи како сама да се гримирам, ми велеше: “само така ќе се концентрираш, со секој потег на четката, моливчето, сенката… полека ќе се трансформираш и влегуваш во ликот кој го играш”…ме научи и дека иако премиерата поминала никогаш текстот не го носиме дома, се додека се игра претставата текстот стои во шкафче и пред секоја претстава го повторуваме иако го знаеме… ме научи како со полни плуќа да „дишам” на работното место, како со леснотија и насмевка да ги надминувам „зад кулисните игри” и професионално да созревам…

Поминаа години од како последен пат се прегрнавме, кариерата на Сабина заблеска на меѓународно ниво и јас со задоволство и гордост ги следев нејзините успеси.

Величенствена жена, врвен професионалец и голем голем Човек.

Почивај во мир драга Сабина, нека ти е вечно Името и Славата“.

kolegite-se-zboguvaat-od-sabina-ajrula-taa-beshe-velichestvena-zhena-vrven-profesionalec-i-golem-golem-chovek-06.jpg

Весна Петрушевска напиша подолга објава на Instagram во која накратко опиша каква била Сабина како колешка, но и како човек:

„Си замина и таа... секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна,бунтовна, вредна,достоинствена. Со неа секогаш се смеев, знаеше да биде луцидна и игрива... На сцена и приватно... Многу ја сакав, ама многу. Прекрасница. Моето најдлабоко сочувство Вардан Тозија - ти ѝ беше целиот свет. Глумците никогаш не умираат (така барем се тешиме) најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина. Тага“.

https://www.instagram.com/p/CSaNJ2VoyC2/?utm_source=ig_web_copy_link

Актерот Драган Спасов – Дац објави фотографија од Сабина и напиша:

„Сабина! Глумците не умираат!“

Со своја објава на Facebook од Сабина Ајрула се прости и нашата позната пејачка Ребека:

„Драга моја и почитувана Сабина, секогаш бевме во контакт овде. Наеднаш ја изгубив твојата поддршка и се прашував што се случи. Пишував и прашував... Многу ми е жал. Те мислев често и се надевав дека ќе комуницираме повторно овде или по сите карантини,мерки, пандемии и што уште не,ќе испиеме и едно турско кафе заедно. Патувај ѕвездо наша. Царство небесно. Почивај во мир“ – напиша Ребека.

kolegite-se-zboguvaat-so-sabina-ajrula-taa-beshe-velichenstvena-zhena-vrven-profesionalec-i-golem-golem-chovek-03.jpg

Инаку, Сабина Ајрула - Тозија остави огромен печат на македонската театарска сцена. Својот работен стаж го почна во Драмскиот театар-Скопје каде што се вработи во 1967 година по завршувањето на средното образование во Економското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје.

Покрај во Драмскиот театар – Скопје, Ајрула-Тозија играше и во други театри низ Македонија, како и во независни театарски продукции.

Таа играше во поголем број македонски филмови од крајот на 60-тите години, до неодамна. Ќе остане запаметена по улогите во филмовите „Време без војна“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Ангели на отпад“, „Сенки“ и многу други. Најмладата публика во Македонија се запозна со Сабина преку улогата во ТВ серијата „Зоки Поки“.

kolegite-se-zboguvaat-so-sabina-ajrula-taa-beshe-velichenstvena-zhena-vrven-profesionalec-i-golem-golem-chovek-02.jpg

Последните години Ајрула-Тозија беше ангажирана во турската филмска индустрија. По улогата на Афифе Хатун во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“, таа играше и други улоги на тамошната сцена. Меѓу последните беше ТВ серијата „Ескија“ каде го играше ликот на Хајрије Чакирбејли.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg