„Ахх... Прекрасни суштества“: Сара Мејс со сопругот и ќеркичката плива и се бакнува со делфини во Египет
- Детали
- петок, 06 август 2021
Сара Мејс објави нова доза совршени фотки од одморот во Египет, овојпат пливаат, се бакнуваат и се милуваат со делфини.
Сара Мејс и Димитар Атанасовски со ќеркичката Илина уживаат на одмор во Египет, а по возењето скутер на вода, нуркањето и посетувањето на дел од најзабавните тематски паркови во Хургада, тие пливаа и со делфини.
По ова прекрасно искуство Сара напиша: „Аххх…. немам зборови…. Преееекрасни суштества…“
На фотките таа, Димитар и Илина се милуваат и бакнуваат со делфините.
Димитар пак во опис на своите фотки напиша: „Кога само луѓето би биле интелигентни како делфините… светов ќе беше поубаво место за живеење.“
Фотки од нивната авантура:
С. С. | Црнобело