Александар Илиевски со пливање го заобиколи Охридското езеро: „Имаше силен ветер и бранови, но успеав да се изборам“

„Со овој подвиг си докажав дека со упорна работа, посветеност и желба може да се постигне сè во животот“ – напиша меѓу другото Александар Илиевски откако го реализираше сопствениот подвиг и со пливање го обиколи Охридското езеро.

aleksandar-ilievski-so-plivanje-go-zaobikoli-ohridskoto-ezero-imashe-silen-veter-i-branovi-no-uspeav-da-se-izboram-01.jpg

Александар Илиевски по повод големиот македонски празник Илинден направи вистински подвиг – со пливање го обиколи Охридското Езеро. Нашиот маратонец е првиот пливач што успеал да направи ваков подвиг.

aleksandar-ilievski-so-plivanje-go-zaobikoli-ohridskoto-ezero-imashe-silen-veter-i-branovi-no-uspeav-da-se-izboram-03.jpg

Станува збор за рута долга 71km. Односно, преку Св.Наум-Подградец-Струга, тој успеа да стигне до Охрид за време од 15 часа 21 минута 38 секунди.

aleksandar-ilievski-so-plivanje-go-zaobikoli-ohridskoto-ezero-imashe-silen-veter-i-branovi-no-uspeav-da-se-izboram-08.jpg

Подвигот го започна во 3.00 часот наутро од градското пристаниште во Охрид.

Како што вели, условите за пливање не биле сјајни - имало силен ветер, струи и бранови кои го враќале назад, но, некако успеал да се избори со нив.

„Со овој подвиг си докажав дека со упорна работа, посветеност и желба, но и да се сака - може да се постигне сè во животот. Се надевам дека со овој подвиг ќе ги мотивирам идните генерации да се осмелат на вакво нешто, затоа што имаме преубави Езера во нашата Македонија кои можеме да ги искористиме со вакви манифестации. Спортски поздрав до сите!!!“ – напиша тој во објавата.

Posted by Aleksandar Ilievski on Monday, August 2, 2021

Инаку, Александар Илиевски е наш репрезентативец и член на Македонската пливачка федерација. Тој досега освоил повеќе медали за далечинско пливање.

Повеќе фотографии од подвигот во продолжение:

aleksandar-ilievski-so-plivanje-go-zaobikoli-ohridskoto-ezero-imashe-silen-veter-i-branovi-no-uspeav-da-se-izboram-07.jpg

aleksandar-ilievski-so-plivanje-go-zaobikoli-ohridskoto-ezero-imashe-silen-veter-i-branovi-no-uspeav-da-se-izboram-06.jpg

aleksandar-ilievski-so-plivanje-go-zaobikoli-ohridskoto-ezero-imashe-silen-veter-i-branovi-no-uspeav-da-se-izboram-05.jpg

aleksandar-ilievski-so-plivanje-go-zaobikoli-ohridskoto-ezero-imashe-silen-veter-i-branovi-no-uspeav-da-se-izboram-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Тони Зен со семејството во Италија, Катарина ужива со ќерката на Охридско Езеро: Што прават македонс... Поп-дивата Калиопи одржа концерт за паметење во Охрид, а во празничниот илинденс...
Објава на Македонка ги подели мислењата: „Охриѓани мавате со дрва и камења по скопјани, а со скапоти... Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg