Убава Македонка која не се плаши да ги прикаже своите несовршености
- Детали
- среда, 21 јули 2021
Бринетата со сини очи и талент за шминкање изгледа беспрекорно на фотките на Инстаграм, но има и такви фотки на кои Зои Блаж ја прикажува реалната состојба на кожата на нејзиното лице. Секоја пофалба!
Зои Блаж е девојка која се обиде да гради музичка кариера, но главна љубов и беше и ѝ остана шминкањето, па така одлучи тоа да ѝ биде професија.
Таа има повеќе од 21.000 следбеници на Инстаграм со кои споделува трикови за шминкање, како и детали од своето секојдневие.
Убавата бринета позира во совршени изданија со беспрекорна шминка на себе. Но, за секоја пофалба е што Зои отворено говори и за несовршеностите, односно во нејзиниот случај за проблемот со кожата на лицето.
Зои има проблем со акните, но за разлика од другите Инстаграмџики кои најчесто сакаат да прикажат розов свет и совршенство, таа е реална во врска со ситуацијата и прикачува на својот Инстаграм фотки на кои е без грам шминка.
Сега, таа откри дека ситуацијата со нејзиното лице е многу подобрена: