Аделина Тахири вљубена со сопругот на плажа и со уникатен пирс над градите
- Детали
- вторник, 06 јули 2021
Пирсот на градната коска е нов моден тренд во светот, а полека доаѓа и кај нас. Аделина е една од првите наши познати дами која се одлучи за ваков моден додаток.
Аделина Тахири периодов ужива на море со својот сопруг Серјожа. Вљубени и исончани тие се релаксираат на бесконечно долгите песочни плажи, додека пејачката секој ден промовира нов модел на костим за капење.
Од тигрести монокини до танга бикини, атрактивната Аделина знае да износи апсолутно сè.
На фотографиите од плажа се гледа дека таа има уникатен моден додаток – пирс во пределот над градите.
Ова е нов моден тренд во светот, а полека доаѓа и кај нас. Познат е под името Sternum Piercing, односно пирс на градната коска. Покрај Аделина, ваков тип на пирс има и Миа Костова.
Инаку, Аделина од поодамна има и пирс на папокот.
Повеќе фотки од Аделина на плажа: