Елена Ристеска го прослави 40-тиот роденденот на сестра си во Грција (фото)
- Детали
- среда, 23 јуни 2021
„Како да беше вчера кога јас бев 4, а ти 9 години. Понекогаш сме класични сестри и се караме, но ние сме две тела и едно срце...“, гласи дел од емотивната објава на Елена.
Елена Ристеска периодов ужива на одмор во Грција со сестра ѝ Драгица и со малечката внука Делфина.
Елена е вљубена во внуката и постојано објавува фотки и видеа со неа, но има нераскинлива врска и со сестра си.
Со емотивна објава и фотографии на кои дуваат свеќички во Грција, заедно со уште една нивна пријателка, таа ѝ го честиташе роденденот на својата постара сестра Драгица. На тортата на шега наместо втората цифра е ставена свеќичка прашалник.
„Среќен 40-ти роденден Драгица... Понекогаш сме класични сестри и се караме, но ние сме две тела и едно срце.
Како да беше вчера кога јас бев 4, а ти 9 години. И сега четворката стои на почетокот од твојот двоцифрен број.
Те сакам безусловно, секогаш и засекогаш...“, напиша Елена.
Делфина лево, а сестрата на Елена, Драгица, до неа од лево
С. С. | Црнобело