Паркингот на Водно во текот на продолжениот викенд го искористиле 250 возила
- Детали
- понеделник, 21 јуни 2021
Скопје, 21.06.2021 година - Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно.
Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.
Паркингот на Водно во текот на продолжениот викенд го искористиле 250 возила, според бројот на испратени СМС пораки.
Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своитевозила да ги паркираат исклучиво наозначените паркиралишта.