Министерот Венко Филипче на роденден кај ќеркичката на Јасмина Василковска, жената чии срце и бубрези спасија три човечки животи
- Детали
- петок, 18 јуни 2021
Министерот Венко Филипче присуствуваше на роденденот на ќеркичката на Јасмина Василковска, жената чиј живот згасна прерано, но чии органи спасија три човечки животи.
„Среќен роденден Лара! Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година.
Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство, напиша Венко Филипче.
Среќен роденден Лара ❤️ Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која...
Posted by Венко Филипче on Thursday, June 17, 2021
С. С. | Црнобело