„Ова е мојот најдобар пријател Делфина“ - Елена Ристеска објави слатки фотографии со внуката
- Детали
- вторник, 01 јуни 2021
Елена открива дека малата Делфи им прогнозира победа на нашите фудбалери на Европското Првенство, што прогнозирате вие?
Елена Ристеска со својата внука Делфина се појави во спотот на ДНК за песната „Македонија на Европско“, каде многу познати македонски личности им даваат поддршка на нашите фудбалери пред престојното првенство.
Елена објави фотографии со внуката во чиј опис напиша: „Здраво на сите, ова е мојот најдобар пријател Делфина.“
Таа исто така ги објави и видеата кои ги снимале заедно по повод спотот на ДНК.
Во описот Елена напиша:
„Нашиот прв спот заедно со мојата внука Делфина и тоа по повод „Македонија на Европско првенство во фудбал”. Благодарност до ДНК за поканата. Ова се нашите кадри што ги снимивме со Делфи, а спотот можете да го видите на каналот на ДНК на јутјуб. Делфи вели дека ќе победиме, што мислите вие?“
Погледнете го спотот за песната „Македонија на Европско“:
С. С. | Црнобело