По 40 години Скопје ќе добие нова студија за оптимизација на јавниот превоз

Градот Скопје денеска потпиша договор за изработка на Студија за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз во Скопје. Потребата од ваква студија се наметна заради фактот што актуелната мрежа на линии според која е организиран јавниот автобуски превоз во Скопје е направена врз основа на студија која датира од пред точно 40 години - од 1981 година.

po-40-godini-skopje-kje-dobie-nova-studija-za-optimizacija-na-javniot-prevoz1.jpg

- Како што веќе знаете, со заем во висина од 10 милиони евра, обезбедени од Европската банка за обнова и развој, Град Скопје и ЈСП набавија 33 еколошки автобуси. Во рамките на тој проект од ЕБОР е обезбедена и техничка поддршка преку грант од неповратни средства за изработка на Студија за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз. Преку отворена јавна постапка, спроведена од ЕБОР, за изработувач на студијата е избран конзорциумот меѓу израелската компанија РОМ Транспортејшн и англиската ГСТЦ ЛТД со понуда во висина од 322.530 евра.

Оваа понуда е избрана како најдобра од вкупно 17 понуди од светски реномирани консултантски организации од сферата на транспортот. Станува збор за исклучително искусни и реномирани компании кои изработувале вакви студии за потребите на јавниот превоз на градови од Израел, Велика Британија, Романија, Литванија, Хрватска и други земји членки на ЕУ, градови од соседните Србија и Албанија, како и градови од поранешните советски републики, од Јужна Америка и други – рече градоначалникот Петре Шилегов, по потпишувањето на договорот.

po-40-godini-skopje-kje-dobie-nova-studija-za-optimizacija-na-javniot-prevoz-01.JPG

Тој додаде дека имајќи предвид колку градот е променет за овие 40 години и во однос на популацијата и во однос на урбаниот развој, изработката на оваа нова студија, т.н. BRS (Bus Restructuring Study), со помош на која ќе се изврши целосна реорганизација на мрежата на автобуски линии, е и повеќе од неопходна.

- Токму тука лежи и причината за континуираниот пад на атрактивноста на јавниот превоз во Скопје, а со тоа и неколкукратно намалениот број на патници кои ги користат услугите на ЈСП и приватните превозници, за сметка на зголемувањето на употребата на автомобили што го прави неодржлив системот на јавен градски превоз.

Од оваа студија очекувам да понуди нови решенија за системот на јавниот превоз кои ќе ја зголемат неговата популарност што недвосмислено води до пораст на бројот на патници кои го користат јавниот превоз, правејќи го индивидуалниот автомобилски превоз помалку атрактивен, а градскиот - одржлив – нагласи Шилегов.

Оваа студија, објасни тој, за граѓаните ќе понуди нови автобуски рути, унапреден систем за наплата и унапреден возен ред што ќе биде во целосна согласност со потребите за мобилност на граѓаните во различни периоди од годината, викендите, празниците, но и дневните периоди усогласени со временските пикови.

- Дополнително, студијата ќе ги вклучи и 2-те рути на брзиот автобуски транспорт БРТ, со алтернативни сценарија со една рута и без овие рути за периодот пред неговото пуштање во употреба. Временската рамка која е предвидена за реализација на овој проект е 12 месеци, односно Студијата треба да биде завршена до јуни 2022 година.

Оттука, убеден сум дека за помалку од 2 години нашите сограѓани ќе можат во целост да ги почувствуваат придобивките од новата организација на јавниот превоз во Скопје, а со имплементацијата на БРТ системот верувам дека ќе можеме да се пофалиме дека имаме најдобро организиран јавен превоз во регионот, но и пошироко – рече денеска градоначалникот Шилегов.

po-40-godini-skopje-kje-dobie-nova-studija-za-optimizacija-na-javniot-prevoz-02.JPG

Според Моше Хирш, генерален менаџер на РОМ Транспортејшн, нивната компанија во последниве 15-на години реализирала повеќе од 80 проекти низ светот, а сега се пред нов предизвик да се докажат.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg