Предлог за олабавување мерки: Маските да не бидат задолжителни на отворено, забраната за групирање нема да важи

Од 1 јуни  маските на отворено да не бидат задолжителни, забраната за групирање на отворено да престане да важи, да се дозволи организација на свадби и прослави на отворено - кои се новите предлози за олабавување на мерките?

predlog-za-olabavuvanje-merki-maskite-da-ne-bidat-zadolzhitelni-na-otvoreno-zabranata-za-grupiranje-nema-da-vazhi-01.jpg

Министерот Филипче на социјалните мрежи напиша: 

Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Комисијата до кризниот штаб ќе ги предложи следните олабавувања:

Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

Полицискиот час останува на сила.

Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките.

Би можело да ве интересира:

Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Тамара во секси аутфит позира со дечкото на црвен тепих и направи спектакл на настап во Мадрид Во секси проѕирно боди и широки фармерки, Тамара Тодевска позираше на црвениот т...
Најдобри другарки од Македонија традиционално си прават исти тетоважи - овојпат стих од Каролина Гоч... Најдобри другарки од Македонија традиционално роденденски си прават исти тетоваж...
Ѕирнете во музејот „Воденицата” на Марков Манастир – предлог за еднодневна прошетка Освен старата црква посветена на Св. Димитрија, тука се лоцирани и два мини музе...
На -8°C Лила се забавува на Копаоник: На снег се капе во џакузи на отворено „И јас сум на зимски распуст“, вели Лила, која неколку дена се забавува на Копао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg