На -8°C Лила се забавува на Копаоник: На снег се капе во џакузи на отворено
- Детали
- четврток, 11 јануари 2024
„И јас сум на зимски распуст“, вели Лила, која неколку дена се забавува на Копаоник, еден од омилените ски-центри на Македонците.
Лила Филиповска пред божикните празници замина на Копаоник, малку да се одмори и да „ги наполни батериите“ пред новите снимања и работни обврски.
Таа неколку дена постојано објавува видеа и фотки, па откри дека се журкала на -8 степени, но и дека се капела во џакузи на отворено, додека секаде околу неа е снег.
Таа беше и во солена соба во хотелот во кој беше сместена, а со пријателките беа и на техно забава на отворено, во близина на ски патеките на Копаоник.
„И јас сум на зимски распуст“, напиша таа на една од фотките на Инстаграм.
Копаоник веќе неколку години е една од омилените ски-дестинации на Македонците.
Тука доаѓаат на зимување, најмногу во време на распустот на учениците, но и во текот на целата сезона, која некогаш трае и до април.
А. Ј. | Црнобело