Вечерва настапуваме 6-ти на првата полуфинална ноќ на Евровизија - каква порака испрати Васил Гарванлиев?
- Детали
- вторник, 18 мај 2021
Ќе гледате ли Евровизија вечерва? Кој е вашиот фаворит? „Ве сакам! Број 6 е мојот специјален број. Блескај и стои гордо!“, порача нашиот евровизиски претставник пред вечерашниот настап.
Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлив ќе настапи вечерва (18.05) на првата полуфинална ноќ на Евровизија во Ротердам.
Ќе настапиме 6-ти по ред, а пред нас се Литванија, Словенија, Русија, Шведска и Австралија.
„Сонцето ја осветли арената денес. Многу сум горд што ја претставувам Македонија вечерва и ќе пеам за сите. Енергијата е прекрасна и КОНЕЧНО публика. Ве сакам! Број 6 е мојот специјален број. Блескај и стои гордо!“, напиша Васил на својот Инстаграм профил.
С. С. | Црнобело