Кученце од Македонија, чие семејство било прегазено од автомобил, си најде среќен дом во Англија (фото)
- Детали
- четврток, 13 мај 2021
„Првпат сама хранев и правев формули на бебе старо само неколку дена уште непрогледано. Мајка му и неговите братчиња биле прегазени со кола само тој останал жив, но сега има среќен дом во Англија“, раскажува Наталија Трпковска.
Наталија Трпковска е вљубеничка во животните и девојка која преку здружението „Шепасти Ентузијасти“ се обидува да им помогне на секој можен начин.
Во една пригода таа ни ја раскажа Приказната за Зубчо - од улично куче во Вардариште до живот во топол дом во Англија.
Сега, на својот Фејсбук профил таа повторно сподели една убава приказна со среќен крај:
„Одамна немам објавено убава приказна, многу од вас го знаат Mr. Badger за мене беше еден голем предизвик.. Првпат сама хранев и правев формули на бебе старо само неколку дена уште непрогледано...
Мајка му и неговите братчиња биле прегазени со кола само тој останал жив, па така ми го донесоа дома и не ми се веруваше колку е мал, колку една шака.
Се топлевме, се храневме, се галевме и плачевме кога се разделивме.. Сега си е вдомен во Англија и расте и е пресреќен, си има фамилија и си го живее животот најубав.
Јас секогаш ќе го сакам овој брко и секогаш ќе плачам кога ќе се разделувам од нив, но тоа е за нивно добро, секако поубав живот ќе имаат таму, него тука. Те сакам дете мое!“.
Некогаш:
Сега:
С. С. | Црнобело