Исповед на Македонка: „Сакајќи да испаднеме ‘совршени мајки’ ги премолчуваме тешките делови“
- Детали
- петок, 07 мај 2021
„После година и нешто во улога на мајка, би сакала да ги замолам жените во Македонија малку поискрено да зборат за предизвиците на мајчинството...“, вели ликовната уметница Инес Ефремова.
Ликовната уметница Инес Ефремова на својот Фејсбук профил, како жена која пред извесен период за првпат се реализираше во улогата на мајка, отворено проговори за предизвиците на мајчинството.
Таа објави Фејсбук статус во која искрено говори за новата улога во нејзиниот живот и нејзината тежина.
„Вчера (05.04) било Ден на менталното здравје на мајките. Па, после година и нешто во таква улога, би сакала да ги замолам жените малку поискрено да зборат за предизвиците на мајчинството. Често, сакајќи да испаднеме "совршени мајки" ги премолчуваме тешките делови, со тоа правејќи лоша услуга и на себе и на другите.
Особено во време на пандемија и меѓучовечко оттуѓување, целото родителство знае да биде поттешко од што е, затоа што поддршката е помала. Да, нашите прабаби чувале 7 деца и ништо не им фалело, ама ги чувале групно, односно во огромни фамилии каде грижата за малите била подделена, а со тоа и олеснета.
Убаво рекле енглезите "It takes a village to raise a kid". Потешко и полошо за менталното здравје на мајката, а и за она на детето е ако си "a village of one".
Затоа, како жени би било фино да не се лажеме со нереални идилични слики за мајчинското искуство, туку да се поддржиме и да си помогнеме со вистината која не е секогаш розова.“
Вчера било Ден на менталното здравје на мајките. Па, после година и нешто во таква улога, би сакала да ги замолам жените...
-->-->Posted by Ines Georgievska on Thursday, May 6, 2021
С. С. | Црнобело