Исчистени две диви депонии во општина Чаир
- Детали
- четврток, 29 април 2021
Скопје, 29.04.2021 година - Екипите на ЈП Комунална хигиена денеска расчистија две големи диви депонии во општина Чаир, односно во Топаана (кај Арена Петрол) и во близина на стадионот во Чаир.
На депониите несовесни граѓани имаа фрлено градежен и кабаст отпад, како и мешан комунален отпад. Екипите на ЈП Комунална хигиена бележат драстично зголемување на количеството отпад што го расчистуваат од диви депонии, а во изминатите три години отстраниле дури десет пати повеќе отпад од јавни површини низ градот.
Градот Скопје упатува апел до своите граѓани да се однесуваат одговорно со својот отпад, да не го фрлаат на јавни површини, бидејќи само доколку сите се однесуваме совесно и правилно го одлагаме отпадот ќе создадеме услови за подобар и поквалитетен живот и ќе имаме почиста и поубава животна средина.
Акцијата којашто денеска ја реализираше ЈП Комунална хигиена-Скопје беше во координација со Општината Чаир.