Два нови кружни текови, подвозници и надвозници - решение кај Момин поток

Скопје, 28.04.2021 година - Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави уште еден голем проект за жителите на Скопје – изведбата на клучката кај Момин поток која е една од двете главни рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот.

dva-novi-kruzhni-tekovi-podvoznici-i-nadvoznici-reshenie-kaj-momin-potok-01.jpg

- Се работи за огромен проект во вкупна вредност од околу 18 милиони евра, за кој постапката ја започнавме вчера, градежните работи ќе ги започнеме во текот на јуни, а изведбата треба да трае 2 до 2,5 години. Според својата комплексност, се работи за убедливо најсложениот сообраќаен проект којшто Град Скопје го има изработено од 1965 година, па наваму. Малку поедноставен е проектот за клучката кај хотелот „Континентал“. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, се предвидува изградба на 2 кружни тека, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8.Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина. Оваа сообраќајница е една од клучните градски сообраќајници бидејќи дневно овде поминуваат 25.000 возила и метежот е голем – рече Шилегов, на денешната прес-конференција.

dva-novi-kruzhni-tekovi-podvoznici-i-nadvoznici-reshenie-kaj-momin-potok-05.jpg

Вкупната должина на сообраќајницата меѓу двата кружни тека и до пред раскрсницата со булевар Словенија изнесува околу 1.600 метри. По должина на целата сообраќајница ќе биде поставено најсовремено ЛЕД булеварско осветлување, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Проектот предвидува и изградба на 2 моста на реката Серава која тече под оваа сообраќајница.

dva-novi-kruzhni-tekovi-podvoznici-i-nadvoznici-reshenie-kaj-momin-potok-02.jpg

- Сакам да нагласам дека во делот на сообраќајната инфраструктура во северниот дел од градот го завршивме булеварот Христијан Тодоровски Карпош, а при крај се и булеварите Никола Карев и Босна и Херцеговина. Ова е во целосна согласност со визијата што јас ја имам за нашиот град – рамномерно развиен град со инфраструктура поволна за сите граѓани, без оглед на кој дел од градот припаѓаат. Градот неколку децении доцнеше со ваквите визии, а со ваквите проекти се обидуваме во само еден мандат фундаменталните работи на градот да ги започнеме до точка од која нема враќање. Безбедниот сообраќај и урбаната мобилност остануваат во редот на приоритетите мои и на оваа градска администрација, а тоа граѓаните имаа можност да го видат изминатите 3 и пол години и најдобро знаат да ги препознаат ваквите активности на градот – нагласи Шилегов.

dva-novi-kruzhni-tekovi-podvoznici-i-nadvoznici-reshenie-kaj-momin-potok-03.jpg

На денешната прес-конференција присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и градоначалниците на општините Карпош, Чаир, Центар и Бутел - Стефан Богоев, Висар Ганиу, Саша Богдановиќ и Велимир Смилевски.

dva-novi-kruzhni-tekovi-podvoznici-i-nadvoznici-reshenie-kaj-momin-potok-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg