Невидени фотки од Каролина Гочева по повод нејзиниот 41-ви роденден, објави Цаци Паковска
- Детали
- среда, 28 април 2021
„Уште многу години преубо, претопло срце“, напиша Цаци за својата пријателка и соработничка Каролина Гочева за чиј стајлинг се грижи со години.
Цаци Паковска, која својата професионална работа како стилист и шминкер ја започна на крајот на 90-те, за време на нејзините студии по архитектура, денес е добро позната и призната за тоа што го работи.
Таа е долгогодишен стилист и пријателка на Каролина Гочева, а денес ѝ го честиташе 41-иот роденден со низа невидени фотки од неа.
На својот Инстаграм профил Цаци објави фотографии направени пред настани на кои таа се погрижила за стајлингот на Каролина, па од заеднички прослави и низа други моменти.
„Среќен роденден Каролина... Уште многу години преубо, претопло срце“, напиша Цаци.
Инаку првиот проект на кој работеше Цаци беше „99 Action“ кадешто вели дека ѝ била дозволена огромна креативна слобода.
23 години подоцна зад себе таа има илјадници проекти, фотосесии, видео спотови, едиторијали, реклами, модната агенција „Вега“, авторската модна емисија „Стилисимо“ и истоимениот моден бренд, „Зап Милано“ продавница, огромен број на ентериери и телевизиски сценографии.
Веќе неколку сезони креира чевли за македонски бренд и две сезони е автор и продуцент на најгледаната детска тв емисија „Дајте музика“. За себе вели дека ужива во сѐ што е поврзано со естетиката и креативноста.
Фотките кои ги објави Цаци по повод роденденот на Каролина:
С. С. | Црнобело