Снеже Велков без грам шминка на себе: „Имам денови кога ми се вришти и плаче“
- Детали
- петок, 09 април 2021
„Понекогаш ме боли и глава и стомак, а понекогаш „ме боли и уво“, има саати кога само би правела – ништо, има денови кога сум му лута на целиот свет, па и на себе...“
Водителката и фитнес тренер Снеже Велков во последно време сѐ почесто ја покажува љубовта кон пишаниот збор.
На својот Инстаграм профил таа споделува најдлабоки емоции преку своите текстови во кои многумина ќе се пронајдат.
Овојпат говори за лошите денови кои сите ги имаме во животот, за тоа како тоа е нормално и треба само да ги надминеме со високо крената глава.
Снеже Велков, искрено и од срце:
Често се смеам.
Понекогаш и не.
И ме фаќа и мрза
И тешко ми е некои денови
Има и ноќи кога не спијам
Има денови кога немам идеја ни што со себе ни што за ручек
Имам денови кога ми се вришти и плаче.
Понекогаш ме боли и глава и стомак, а понекогаш „ме боли и уво“
Има саати кога само би правела - Ништо.
Има денови кога сум му лута на целиот свет, па и на себе.
Има денови кога и сонцето и дождот и ветерот ми се криви.
Понекогаш исправам и „Криви Дрини“
Има денови кога сонцето со рака чинам ќе го допрам, а има денови кога од под „трошки“ собирам.
Има денови кога светот го освојувам и денови кога во глувчешка дупка се сокривам.
Имам денови кога „зборот алтан ми вреди“, а има денови кога не знам да бекнам.
Има денови кога карпа од шега поместувам, а понекогаш на камче се сопнувам.
Имам безвезни денови кој не знам ни зошто почнуваат, а има денови кои никогаш не сакам да завршат.
Има денови кога сум скроз нетокму.
Има и денови кога сум баш токму.
Има денови и денови.. и часови и секунди.
Но и еден миг како овој за да ти намигнам и да речам:
- Ич да не му ја мислиш сѐ од погоре е нормално.
И за Мене
И за Тебе
Блескај си!
С. С. | Црнобело