Пееше на Детска Евровизија, беше дел од дуото Табу – Колку се промени Викторија Лоба низ годините?
- Детали
- сабота, 03 април 2021
Се сеќавате ли дека Викторија Лоба беше дел од женското дуо Табу, кога ја испеа песната Абракадабра? Со текот на годините, Лоба станува сè поубава, но да се потсетиме и како се развиваше нејзината музичка кариера.
Викторија Лоба е пејачка што на македонската музичка сцена е присутна речиси две децении.
Иако поминаа многу години откако се појави на музичката сцена, таа докажува дека е безвременска убавица, со оглед на тоа што нејзиниот изглед не е драстично изменет.
Но, во продолжение да се присетиме како се развиваше нејзината кариера и како Лоба се менуваше на музички план низ годините.
Убавата пејачка заплива во музичките води уште во 2003-тата година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија. Таа настапи во дует со Марија Арсова, а песната „Ти не ме познаваш“ се пласира на 12-тото место.
Во 2007-мата година Викторија Лоба беше дел од музичкото дуо TABOO, а песната Абракадабра сè уште може да се најде на Јутјуб.
Од 2008-мата до 2010-тата година Викторија беше фронтмен и пејач на македонската група „Тумбао салса бенд“.
На Меѓународниот фестивал „Охрид Фест“ во 2011-тата година Лоба ја освои 2-та награда во поп вечерта, и 3-та награда во интернационалната вечер, со песната „Девет работи“. Да се потсетиме и на оваа песна.
Една година подоцна со Роберт Билбилов ја објавија песната „Ти си виновна“.
Во 2013 година, со својот хит "Summer Love" таа се искачи на првото место на холандската топ листа за млади таленти од Европа, Spinnin' Records, и остана на таа позиција долго време.
Во 2014 година, на меѓународниот фестивал во Македонија „Макфест“, Викторија ја освои наградата за најдобар настап со песната „Само мој“.
Таа се натпреваруваше на Скопје Фест 2014 кој беше избор за песна што ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2015, со песната „Една единствена“, и заврши на седмото место.
Во 2016-тата година нашата пејачка дебитираше и на забавната сцена на поранешните југословенски простори. Со Црногорецот Вања Радовановиќ ја испејаа песната „Киша и сунце“.
Во 2017-тата година Лоба ја објави песната „Дојди“.
Следната 2018-та година беше доста богата за Викторија Лоба, па така таа година беа објавени три нови песни: песната „Херој“, понатаму со Тајзи ја објави песната „Каде сме ние“ и „Над небото“. Да се постетиме како звучеше хитот „Над небото“.
Во 2019-тата Лоба ја објави песната „Воздишка“, да се потсетиме и на неа:
Инаку, пејачката деновиве е мошне активна на социјалните мрежи каде објавува новости за тоа што се случува кај неа како на приватен, така и на професионален план.