„Те сакам девојко!“ - Српската пејачка Милица Тодоровиќ ѝ пееше на Калиопи под балкон, нашата поп дива трогната (видео)
- Детали
- понеделник, 15 март 2021
Ненадејно доаѓање во Скопје, пеење на омилената песна под балкон и многу, многу прегратки... Милица Тодоровиќ ја трогна Калиопи со потегот.
Калиопи доживеа спектакуларно изненадување од својата српска колешка Милица Тодоровиќ.
Пејачките се одлични пријателки, а Милица која е позната по темпераментот, природноста и непосредноста, ненадејно дојде во Скопје и ѝ пееше на нашата поп дива под балкон.
Калиопи воодушевена од потегот, објави видео и фотографии од нив две на својот Инстаграм профил.
„Знаете дека секогаш го споделувам со вас малото слатко ‘лудило’ од мојот свет... Но таа е и повеќе од тоа. Моето сакано суштество, мојата Милица, ми приреди вистинско изненадување. Тивко, без мое знаење, дојде во градот и како најголем трубадур ме покани на балконот со песна, која ја сакам многу и која го симболизира нашето пријателство. Каква радост, каков благослов. Те сакам девојко! Ти си уникатна, убава и си подарок за овој свет. Толку сум горда на тебе.“
Видео од изненадувањето:
Инаку, неодамна при посетата на Калиопи на Белград, таа повторно се пофали дека Милица ѝ приредила изненадување кога дошла рано наутро да ја испрати на аеродром.