„Моите херои“: Родителите на Илина Арсова се доказ дека годините не се пречка за ништо
- Детали
- петок, 12 март 2021
Фотографија што ги топли срцата... Доказ за нераскинливата врска помеѓу децата и нивните родители и доказ дека годините не се пречка за ништо во животот.
Родителите на Илина Арсова живеат среќни пензионерски денови, а тие со задоволство се запознаа со избраникот на нивната ќерка Илина Арсова, Игор Џамбазов, уште во август 2020.
Сега, тие повторно минуваат забавни мигови со Илина. Тројцата заедно возат велосипеди. Носат шлемови на главите и изгледаат навистина среќно.
Нивните насмевки се доказ дека секоја доба од животот е доба за уживање, само ако знаеме како да живееме.
Во коментари пријателите на Илина на шега велат: „Ти навистина си решила да ги подмладиш“.
Илина пак, во описот на фотографијата напиша: „Моите херои“.
Инаку, кога имаа средба со Игор Џамбазов тие го посетија селото Јанче, во срцето на националниот парк Маврово, но направија и мини турнеја низ нашата убава Македонија.