Сара Мејс и Димитар Атанасовски на зимување во Србија - Ќерка им борда како професионалец
- Детали
- четврток, 08 февруари 2024
„Ајде, па догодина и вие да си земете тренер за да ја стигнете Илина“ – стои во еден од коментарите под фотките и видеата на Сара Мејс и Димитар Атанасовски од зимскиот одмор. Малата Илина (5) многу брзо успеала да го совлада бордањето.
Нашиот ТВ и радио водител Димитар Атанасовски на својот Инстаграм профил сподели фотографии и видеа од зимскиот одмор со сопругата Сара Мејс и децата Илина (5) и Кирил (1), а се пофали и дека ќерката станала вистински професионалец за бордање.
Семејството одлучило да оди во соседна Србија и да ужива во снегот и во зимските спортови, а како што може да се види од фотките, Илина добила и диплома за часовите за сноубординг што ги посетувала, а и малиот Кирил има можност да проба како изгледа овој зимски спорт.
Во едно од видеата се гледа како тој се држи исправено на даската, сѐ до еден миг кога паѓа на снегот, но потоа пак се исправа и застанува на нозе.
Освен што уживале на снегот, Сара и Димитар со децата имале можност да уживаат и во затворен базен, а очигледно е дека на среќата навистина ѝ немало крај.
„Екипата е поспремна и поспремна.
Додуша и побудалена, ама не би ја сменил за ништо на светот“ – напиша Димитар до фотките и видеата.
Во некои од коментарите, следбениците на Димитар се воодушевени од вештините на малата Илина.
„Ајде па догодина да си земете и вие тренер за да ја стигнете Илина“ – стои во еден од коментарите.
Погледнете повеќе фотки во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело