Катерина од Скопје: „По првата бременост ме мачеше дали ќе ми се повлече стомакот, дали ќе ми исчезнат стриите“
- Детали
- четврток, 04 март 2021
„По првата бременост бев загрижена, но денес, 15 дена после вториот царски рез, јас си го ОБОЖАВАМ телото. Ова мое тело ми подари две деца. Со задоволство го оставам да заздравува“, гласи искрената исповед на 31-годишната Катерина.
Катерина Љамова Богоевска има повеќе од 9.000 следбеници на Инстаграм со кои често споделува мигови од својот дом и своето секојдневие.
Овојпат таа искрено проговори околу бременоста и стравовите како нејзиното тело ќе се промени.
Со фотки пред vs. потоа, таа напиша:
„После првата бременост бев опседната со моето тело: кога ќе ми заздрави раната, кога ќе можам да почнам да вежбам, кога ќе ми се повлече стомакот, кога ќе успеам да се вратам во формата во која бев пред да забременам, кога и дали ќе ми исчезнат стриите (FYI не исчезнуваат само избледуваат), дали градите некогаш ќе ми бидат исти како пред бременоста....?
Едноставно имав проблем да си го сакам телото такво какво што е.
Денес, 15 дена после втор царски, јас си го ОБОЖАВАМ телото. Ова мое тело ми подари две деца. Со задоволство го оставам да заздравува и да се враќа во својата стара форма со свое темпо.“
Ѕирнете и во одлично уредениот дом на Катерина - На гости кај Катерина од Скопје: Совршено уреден стан со бохо детали (фото)
С. С. | Црнобело