Македонскиот јутубер Стефонатор (23): „Имам рак на тестиси, минав операција, хемотерапија, а ме чека уште пат, но ќе го изодам насмеан“

На само 23 години Стефан од Скопје, познат како Стефонатор - еден од нашите најуспешни јутубери, ја води најтешката животна битка. Со солзи во очите за најтешките детали од дијагноза до терапија, тој говори искрено за оваа немила епизода од неговиот живот. Од срце му посакуваме побрзо закрепнување и сето ова што поскоро да го остави зад себе...

makedonskiot-jutuber-stefonator-imam-rak-na-testisi-minav-operacija-hemoterapija-a-me-cheka-ushte-pat-no-kje-go-izodam-nasmean-01.jpg

Еден од најпознатите македонски јутубери Стефонатор го сними најмоќното видео досега, видео каде искрено кажува дека на 23 години ја води најтешката животна битка, видео во кое искрено кажува дека добил дијагноза рак на тестиси и светот му се срушил.

Тој пред своите следбеници отворено ги покажа своите емоции. Говореше како едвај станал по операцијата, колку била тешка хемотерапијата која траела со месеци, како и, за жал, за неуспешноста на истата и потребата од уште една операција.

И ниту еден млад човек не смее да ја води оваа битка, но кога веќе животот е нефер и приредува вакви немили изненадувања, тогаш треба да ја води како Стефонатор. Искрено со покажување на емоциите, но и со потребната доза на позитива на овој трновит пат.

Стефонатор вели дека нема друг избор освен да биде храбар и да го изоди патот насмеан, без разлика што на моменти ќе има и солзи и револт кон животот зошто се случи тоа што се случи.

Но, најважно од сѐ е што тој собра храброст да говори јавно за да ја поткрене свесноста на тема машко здравје и потребата од редовни прегледи.

Веруваме дека сега љубовта од сите негови следбеници ќе му помогне на извојувањето на оваа тешка борба и дека наредното видео нема да биде со наслов како ова „Време е да зборуваме“ туку ќе биде со наслов „Го победив ракот“.

Стефонатор и на својот Инстаграм профил објави фотографија направена по првата операција и напиша:

„Ова е сликата што им ја пратив на најблиските после првата операција. Вака насмеан ќе ја поминам и втората. Ќе пробам да вратам на што повеќе пораки, но ќе биде невозможно да вратам на сите. Затоа еве тука - фала ви. Ми значи секој збор. Уште само еден чекор. Ве сака Стефан.“

Искрената исповед на Стефонатор:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Македонскиот фризер Зоки Давитков: „Преку глава ми е да работам со луѓе кои не знаат како да се одне... „Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени ...
Македонскиот актер Жарко Димоски гради кариера во Белград: „Дел сум од театарот Одеон“ „Македонските актери се многу ценети во Србија, уште од времето на Југославија, ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg