Кристина Аранудова ќе реновира од корен куќа во која татко и син живеат во многу лоши услови
- Детали
- вторник, 02 март 2021
„Овде живеат татко и син, во многу лоши услови. Ова можеби ќе биде најтешката реконструкција годинава... Во куќата нема што не треба да се направи“, открива Кристина Арнаудова и ги повикува на помош сите хумани луѓе.
Кристина Арнаудова во 2015 година го формираше здружението „Проект Среќа“ кое е фокусирано на подобрување на квалитетот на живеење, создавање на можности и образование и едукација за децата и младите со помалку можности.
Периодов таа со својот тим работи на нова акција под називот „Проект куќа“ во која ќе обезбедува градење и реновирање на домови на луѓе под ранливи категории. Емисијата ќе се емитува од септември.
Хуманиот проект веќе започна и за почеток од корен ќе се реновира куќа на татко и син кои живеат во многу лоши услови.
Од нов кров до поправање на темели и фасада, домот ќе биде комплетно реновиран.
Детали за акцијата на Кристина Арнаудова во која повикува да се вклучат сите хумани луѓе со донации:
С. С. | Црнобело