Снеже Велков: „Пречести се црнобелите фотографии и зборовите 'слава му', затоа ислушај, прости, гушни“
- Детали
- четврток, 25 февруари 2021
„Пречести се црнобелите фотографии и зборовите слава му. Пребројни се сочувствата а преболни желбите: Барем само уште еднаш!...“ ја започнува својата емотивна објава Снеже Велков.
Водителката Снеже Велков, која работи и како пилатес инструктор, неретко знае да допре до срце и со пишаниот збор.
Периодов кога, за жал, изгубивме многу луѓе, и кога пандемијата направи да се чукнеме во глава и да се потсетиме што е суштински важно во животот, таа испрати убава порака на Инстаграм.
„Пребрзо нѐ снемува, се ретчиме пречесто...
Пречести се црнобелите фотографии и зборовите слава му. Пребројни се сочувствата а преболни желбите: Барем само уште еднаш!...
Затоа:
Не попосле!
Не покасно!
Не утре,
Не за кратко,
Не по еден час
СЕГА ВЕДНАШ!
Покажи, јави се, докажи, проголтај, прозбори, ислушај, помоли, прости..
Гушни, кажи, пофали, напиши, спомни, речи!
И ако е близок, и ако е подалечен, и ако е познаник!
Кажи да те чуе, да те види, да те гушне, да пушти солза, да се насмее на цел глас, да ти каже едно фала или „Ај не зае*авај!“
ДОДЕКА МОЖЕ, ДОДЕКА Е ТУКА!
Оти сите нешта после речени, сите пофалби за на небо искажани и сите прегратки во вечност испратени - немаат ни приближно иста вредност.
Еден ден сите зборови ќе бидат убаво напишани, сите стихови ќе расплачат срце, секоја реченица ќе пара душа. Но ништо од ова нема да има смисла.
Затоа што ТОЈ што треба да слушне, не е тука.
Пребрзо нѐ снемува, се ретчиме пречесто!
С. С. | Црнобело