Зошто пушиме – навика, зависност или да се биде во тренд?

Многу често линијата помеѓу навиката и зависноста е тенка, па дури и некогаш нејасна. Навиката би можеле да ја објасниме како рутинско или редовно однесување, што станува сè потешко да се откаже колку подолго истото тоа однесување се практикува.

zoshto-pushime-navika-zavisnost-ili-da-se-bide-vo-trend-01.jpg

Најдобар пример на навика може да се согледа во тоа како луѓето го започнуваат денот. Утринските ритуали во голема мера се состојат од најразлични навики, утринско туширање, пиење кафе/чај/какао, консумирање или пак прескокнување на појадокот и сл. Со текот на времето, редоследот на овие однесувања станува конзистентен за една личност. Зависностите, од друга страна, се многу помоќни од навиките. Во овие случаи, во најголем дел, луѓето даваат исклучителен приоритет на она од кое се зависни и голем дел од своето однесување и текот на денот го формираат според потребите на својата зависност.

Вообичаено луѓето почнуваат да пушат поради следниве причини: затоа тоа што сакаат да изгледаат постари, сакаат да бидат како нивните пријатели или роднини или сакаат да експериментираат. 9 од 10 пушачи почнале да пушат и пред 18 години. Тинејџерите обично сакаат да изгледаат постаро и позрело, па по примерот на нивните родители или роднини, тие почнуваат да пушат. Ако нивните врсници пушат, поединците не сакаат да се чувствуваат дека заостануваат и палат цигара за да бидат прифатени. Други пак сакаат нешто што е забрането. Сметаат дека е возбудливо да се кријат. Оние кои почнуваат да пушат подоцна, обично е поради стрес, проблеми и трауматични настани.

Главната причина поради која луѓето пушат е всушност никотинот. Поради вовлекувањето на чадот од цигарите, кој воедно содржи преку 6000 материи, меѓу кои и многубројни штетни и потенцијално штетни материи, никотинот кој е содржан во листовите од тутун се апсорбира брзо во крвотокот и истиот реагира како моментален стимуланс на телото преку ослободување на допамин. Многу луѓе ги поистоветуваат никотинот и цигарите, но тоа всушност е заблуда, исто како и популарното мислење дека никотинот е канцероген и воедно примарен причинител за болестите поврзани со пушењето, но тоа е апсолутно неточно. Главниот проблем е всушност во споменатиот чад од обичните цигари и процесот на согорување.

Никотинот веќе бројни години наназад ја игра главната улога во процесот на откажување од цигарите во никотинската заменска терапија (NRT – nicotine replacement therapy).

"Пушењето е еден од најголемите проблеми на јавното здравје. Во текот на изминатите децении, бројните досегашни обиди да се намали пушењето цигари пропаднаа", вели Дерек Јах, претседател на Фондацијата „Светот без чад од тутун".

zoshto-pushime-navika-zavisnost-ili-da-se-bide-vo-trend-02.jpg

Во својот авторски текст за порталот Business World, Јах нагласува дека „повеќето луѓе не успеваат да се откажат од цигарите не поради недостаток на обиди, туку поради недостаток на опции што можат да им помогнат. Според него, последниот извештај на Глобалниот концепт на намалување на штетата, кога станува збор за тутунот (Global State of Tobacco Harm reduction), покажува дека скоро 100 милиони луѓе во моментов користат голем број производи кои се сосема различни од обичните, согорливи цигари и други токсични производи. Овој извештај, вели тој, дава „убедливи докази“ дека производите со намален ризик, како што се алтернативи и уреди засновани на загревање наместо согорување на тутун, покажале подобри ефекти од никотинската заменска терапија (NRT). Кога веќе сте почнале да пушите, секако дека најдобра опција е да се откажете, но доколку не можете или во моментот не сте спремни, постојат побезбедни алтернативи на нашиот пазар, кои иако не се без ризик, значително ја намалуваат изложеноста на штетни и потенцијално штетни соединенија споредено со обичните, согорливи цигари.

zoshto-pushime-navika-zavisnost-ili-da-se-bide-vo-trend-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Најубавите пораки за Божиќ што можете да им ги испратите на блиските Добро здравје, мир во душата, радост во мислите, младост во срцето, успех во раб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg