Откријте го степенот на вашата зависност од никотин во 6 лесни чекори

Во време кога никотинот е идентификуван како клучна состојка што ја создава зависноста од цигари кај пушачите, медицинските експерти биле во потрага по опции да пронајдат решението што ќе им помогне на милиони пушачи еднаш засекогаш да се откажат од пушењето.

otkrijte-go-stepenot-na-vashata-zavisnost-od-nikotin-vo-6-lesni-chekori-01.jpg

Одговорот бил самиот никотин, кој впрочем е и причина и одговор на проблемот. Во 70-тите години на минатиот век, терапијата за замена на никотин (nicotine replacement therapy - NRT) била воведена и оттогаш се користи како опција за снабдување на пушачите со никотин во помалку штетни форми - како што се гуми за џвакање, лепенки или таблети. Достапните податоци покажуваат дека никотинот, ако се зема без другите штетни состојки што се наоѓаат во чадот од тутун, нема канцерогени ефекти и има драстично помалку штетни ефекти.

Решението на тестот е нула поени

Постојат многу прашалници кои го одредуваат степенот на зависност од никотин, но најчесто се користи Фагерстромовиот, воведен пред скоро 50 години. Станува збор за шведски клинички психолог роден во 1946 год. кој е креатор на Фагерстромовиот тест за зависност од никотин и кој во 70-тите години активно се залагал за користење на заменска терапија со никотин како начин за престанок на пушењето. Неговиот тест е меѓу најпознатите техники во светските здравствени институции.

Се состои од шест прашања, кои носат од 0 до 3 поени. Читањето на резултатите е лесно, колку помалку поени, толку помал степен на зависност и обратно. Кај потешките форми на зависност, или оние кои освоиле меѓу 6 и 10 поени им се препорачува терапија за замена на никотин и дополнителни медицински прегледи. Иако зависноста од никотин се дефинира како низа когнитивни, бихејвиорални и психолошките симптоми, потребно е да се утврди нивото што е можно порано, со цел да се спречат штетните последици кои се јавуваат при процесот на одвикнување.

Терапијата за замена на никотин повеќе не е единственото решение за пушачите

Професорот Карл Фагерстром , наградуван од СЗО за извонреден придонес во областа на контрола на пушењето, денес највеќе се интересира да ги разбере позитивните ефекти на никотинот во намалувањето на пушењето и изложеноста на штетни материи, за оние кои не се откажуваат од пушењето. Со еден збор, за концептот на намалување на ризик, што, како што вели тој, сѐ уште се смета за контроверзен, генерално не се дискутира и, следствено, слабо се евалуира. Но Фагерстром верува дека може „природно да следи“ при решавање на проблемот за пушачите. Како примери на земји кои веќе успешно го усвоија концептот за намалување на ризик, тој ги наведува Велика Британија, која во голема мера поддржува електронски цигари и Јапонија, каде уредите кои го загреваат, но не го горат тутунот, како помалку штетни алтернативу на консумирање на никотин се навистина популарни и нивната употреба е веќе широко распространета.

otkrijte-go-stepenot-na-vashata-zavisnost-od-nikotin-vo-6-lesni-chekori-02.jpg

Дали терапијата за замена на никотин е прифатена кај пушачите?

Производите што служат како терапија за замена на никотин - гуми за џвакање, лепенки или таблети - се регулирани од Управата за храна и лекови на САД (ФДА) за да им помогне на пушачите да се откажат од цигарите. Во последниве години, ФДА го прошири своето внимание на производи на база на тутун кои содржат никотин, но изложеноста на штетни и потенцијално штетни материи за време на нивната употреба е значително намалена. Фагерстром потсетува дека во моментов само два производи имаат одобрение од ФДА дека се производи со модифициран ризик, а знаеме и дека еден од тие два производи е присутен на македонскиот пазар. Д-р Фагерстром истакнува дека статистичките податоци потврдуваат дека бројот на пушачи на конвенционални цигари опаѓа во последните години во корист на алтернативните производи што содржат никотин.

Електронските цигари станаа популарни во последниве години за да им помогнат на пушачите да се откажат од обичните, согорливи цигари“, вели тој, нагласувајќи дека уредите за загревање на тутун исто така брзо се прифаќаат затоа што се блиску до самиот ритуал, ја задоволуваат потребата за никотин „но се помалку штетни“.

Пушачите сега, повеќе од кога било имаат можност за избор на производи што се слично на цигарите“, заклучува Фагерстром, кој вели дека „клучната битка во концептот на намалување на ризикот е околу тоа дали никотинот ќе се искорени или прифати “.

Тест за зависност од никотин

Овој тест го одредува степенот на зависност од никотин развиен кај една личност, врз основа на навиките за пушење. Затоа, тој е наменет исклучиво за возрасни пушачи и се користи ширум светот за да се утврди, степенот на зависност од никотин кај пушачите, но исто така и следствено на тоа да се препорачаат механизми за повлекување, како што е терапијата за замена на никотин (NRT). Никотинот не е без ризик бидејќи предизвикува зависност, но заблуда е дека тој е главната причина за болести поврзани со пушењето.

1. Колку брзо откако ќе се разбудите ја пушите првата цигара?

a.) По 60 минути (0)
б.) 31-60 минути (1)
в.) 6-30 минути (2)
г.) во рок од 5 минути (3)

2. Дали ви е тешко да се воздржите од пушење на места каде што истото е забрането?

а.) Не (0)
б.) Да (1)

3. Од која цигара би ви било најтешко да се откажете?

а.) Првата наутро (1)
б.) Сите други (0)

4. Колку цигари дневно пушите?

а.) 10 или помалку (0)
б.) 11-20 (1)
в.) 21-30 (2)
г.) 31 или повеќе (3)

5. Дали пушите почесто во текот на првите часови по будењето отколку во остатокот од денот?

а.) Не (0)
б.) Да (1)

6. Дали пушите дури и ако сте толку болни што сте во кревет поголемиот дел од денот?

а.) Не (0)
б.) Да (1)

Соберете ги поените од вашите одговори (во заградите)

Резултати за зависност: 0–2 Многу ниска; 3–4 Ниска; 5 Средна; 6–7 висока; 8-10 многу висока

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg