Панчо од ДНК со поддршка за хигиеничарите од Комунална, Дарко Димитров скија со сопругата: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- понеделник, 25 јануари 2021
Лидија Кочовска шири позитивна енергија каде и да се појави, Аделина ја промени фризурата, а пак манакенката Емилија Розман позира во провокативно издание.
Игор Џамбазов не може да се насити од погледот на прекрасното Дојранско Езеро, Миа Костова се релаксираше на викенд покрај Охридското Езеро, а пак Дарко Димитров со сопругата и децата појде на скијање.
Панчо од ДНК се фотографираше со тројца хигиеничари од ЈП Комунална хигиена и во описот на фотографијата напиша:
„Мајка ми од секогаш ме воспитуваше да ги респектирам хигиеничарите со иста почит како што ги респектираат директорите или луѓето кои се на повисоки функции и позиции, и можеби затоа од секогаш сум бил на страната на вработените и сакам да верувам дека сите сме ИСТИ.
Вчера вечер враќајќи се накај дома, ги приметив Мамет, Адем и Ризван како се возат на камионот на комунална хигиена. Луѓе кои работат на минусни и пеколни температури само за да обезбедат егзистенција за себе и своето семејство. Застанаа кај контејнерите да ги испразнат и да си ја завршат работата па ми дојде некако спонтано да застанам и јас.
Имав некои колачи (2 кутии) па ги земав со мене излегов, ги поздравив и ги замолив да ги прифатат како благодарност за тоа што ни го чуваат Скопје да е колку толку почисто.
Се погледнаа меѓу себе видно изненадени па Ризван рече дека е во ред ги зема и ми се заблагодари па потоа и сите останати.
На крај едниот од нив, Мамет ме препозна (најмалце битно во случајов) па им дадов и по едно цд од ДНК. Поентата ми е дека сите сме ЛУЃЕ, сите сме ИСТИ само со различни судбини, а на крајот на денот сакам да верувам дека секогаш ЉУБОВТА, ПОЧИТТА и ШИРОКО ПОДАДЕНАТА РАКА победува.“