Панчо од ДНК со брутално искрена порака: „Не мора да нè поддржувате како артисти, но не ни газете по соништата“

„Артистите се истовремено и благословени и проколнати“, напиша Панчо од ДНК во својата објава на Инстаграм и доби поддршка од многу македонски музичари.

pancho-so-brutalno-iskrena-poraka-ne-mora-da-ne-poddrzhuvate-kako-artisti-no-ne-ni-gazete-po-sonishtata-01.jpg

Владимир Блажев, познат како диџеј Шорти или Панчо од ДНК, по својата последна објава на Инстаграм, како и многупати претходно, доби поддршка од музичарите во земјава.

Причината, овој пат, е тоа што Панчо јавно им се обрати на сите кои пробуваат да го уништат сонот на артистите и раскажа како изгледа животот „зад кулисите“ на некој што се занимава со јавна професија, па низ што поминуваат артистите на патот до остварувањето на својот сон.

Тој вели дека сите што се дел од овој свет се истовремено и благословени, и проколнати.

Својата објава Панчо ја наслови „Нераскажана приказна на артистите“.

„Би сакал да споделам со вас како изгледа една некажана приказна на еден артист.

Ако нешто испуштив, слободно надополнете во коментар“, напиша тој, па доби поддршка од Тамара Тодевска, Таско, Иван Јованов, Тамара Волческа и други.

pancho-so-brutalno-iskrena-poraka-ne-mora-da-ne-poddrzhuvate-kako-artisti-no-ne-ni-gazete-po-sonishtata-04.jpg

Прочитајте ја целата објава на Панчо:

„Зад секој артист има многу повеќе од само акорди и ритми - секојдневна работа со која ги храни срцата и душата на публиката.

Светот често гледа на настапот, светлата и инструментите што доминираат на сцената.

Во секој артист има креатор кој е многу повеќе од обичен изведувач.

Тој е визионер, непознат херој кој се соочува со предизвици и бариери помеѓу храброста и убедувањето.

pancho-so-brutalno-iskrena-poraka-ne-mora-da-ne-poddrzhuvate-kako-artisti-no-ne-ni-gazete-po-sonishtata-03.jpg

Само артистот го знае значењето на жртвата и посветеноста.

Тој ги дава телото и душата за својата уметност, знаејќи дека неговото дело не значи само стоечки овации, туку и можност да ги допре најдлабоките емоции на својата публика.

Безброј потрошени часови на вежбање и пишување, често сам и далеку од дома, одрекувајќи се од скапоцените моменти (родендени, слави, празници) со своите сакани и најблиски луѓе.

Секогаш опкружен со многу луѓе, дури и во моменти на замор, болест или лошо расположение, артистот наоѓа сила преку својата музика да им пренесе позитивна енергија и да им го направи денот и да ги расположи оние кои платиле карта и дошле да го слушаат.

pancho-so-brutalno-iskrena-poraka-ne-mora-da-ne-poddrzhuvate-kako-artisti-no-ne-ni-gazete-po-sonishtata-02.jpg

Иако несигурноста на патот до успехот може да биде огромна, потсмевот и разните омаловажувања како дел од истиот, тој никогаш не ја губи вербата и продолжува по својот пат со одлучност без оглед на сè, бидејќи тоа е неговиот живот.

Животот на артистот е повеќе од професија.

Зад секоја мелодија, секој акорд и секој напишан текст, стои срце полно емоции пренесени преку истиот.

Многу често текстовите се огледало на неговата душа и само еден таков искрен пристап може да допре до срцето на илјадници луѓе.

Артистот е човек со соништа и неуморен дух што никогаш не се откажува пред сите предизвици.

Не мора да му давате поддршка, но немојте да му се исмејувате и да ги кршите неговите соништа, бидејќи на крајот на денот, и тој е само човек“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg