Нови урбани клупи на 250 локации низ Скопје – на некои од нив „одмара“ и Берни (фото)
- Детали
- петок, 22 јануари 2021
Социјалните мрежи се преплавени со фотошопирани фотки од Берни Сандерс на различни локации, кој стана хит-меме, а од Град Скопје се пошегуваа и го вметнаа на новите урбани клупи поставени на 250 нови локации, каде скопјани ќе може да одмараат.
На Скопје дефинитивно му беа потребни нови клупи на повеќе локации по тротоарите и скверови низ градот.
Сега скопјани ќе имаат можност да одморат и да се релаксираат за време на прошетките и работата која ја завршуваат низ град.
Од Град Скопје објавија дека се поставени нови урбани клупи на 250 локации низ градот, кои се внимателно одбрани за комоција на граѓаните:
Новите урбани клупи кои од денес можете да ги забележите низ сите урбани улици и скверови немаат за цел само да ги разубават градските тротоари низ Скопје, туку и да ги надополнат и да претставуваат место каде граѓаните ќе може да одморат од долгите прошетки низ Скопје во убавите денови од годината.
250-те локации на кои се поставени новите клупи беа внимателно одбрани како места кои на Скопјани ќе им понудат длабоки сенки под градските дрвореди, а самите клупи се изработени да понудат совршена комоција за граѓаните. – стои во објавата на Фејсбук.
Од Град Скопје се пошегуваа и го прифатија предизвикот да го вметнат американскиот сенатор Берни Сандерс на неколку клупи низ Скопје, во добро познатата поза која стана хит-меме по инаугурацијата на Бајден. Ако не сте запознаени, прочитајте повеќе ТУКА.
Повеќе фотки од клупите низ Скопје:
M. M. | Црнобело / фото: Фејсбук Град Скопје