Станар во зграда во Скопје закачил честитка во лифтот – реакцијата на соседите непроценлива
- Детали
- среда, 13 јануари 2021
„Нов сум во мојата зграда. Откако ја закачив мојата рачно изработена честитка за Нова година во лифтот, почна еден многу позитивен тренд. Наместо шкртаници, во лифтот секој ден се појавуваат нови честитки“, вели Горјан Јовановски.
Горјан Јовановски, човекот кој стои зад успешната апликација МојВоздух, со интересен потег докажа дека позитивната енергија е заразна.
Во зградата во Скопје во која живее од неодамна одлучил да закачи честитка во лифтот и да види како ќе реагираат соседите. Ефектот бил и повеќе од позитивен.
Приказна што дефинитивно мами насмевка:
Позитивната енергија е заразна
Нов сум во мојата зграда. Откако ја закачив мојата рачно изработена честитка за Нова година во лифтот, почна еден многу позитивен тренд. Наместо шкртаници, во лифтот секој ден се појавуваат нови честитки, една по една, рачно нацртани од станари и посетители. Пред некој ден беа 3, сега се 7!
Секое утро едвај чекам да влезам во лифтот за да видам што ново ме чека! Но тука не застана празничната атмосфера: Моите прекрасни комшии закачува бадникови гранчиња на вратите низ влезот, а низ Вибер групата за зградата се ширеа празнични честитки.
Доволно е мал убав гест за да ја разбудите добрината што ја има во сите нас. Бидете тој позитивен пример од вашето најмало опкружување, само така ќе стигнеме до општеството што го посакуваме! Како што вика Марко Новески #ширимепозитива! Што е тоа што ти ќе направиш денес?
Позитивната енергија е заразна (English below) Нов сум во мојата зграда. Откако ја закачив мојата рачно изработена честитка за нова година во лифтот, почна еден многу позитивен тренд. Наместо шкртаници, во лифтот секој ден се појавуваат нови честитки, една по една, рачно нацртани од станари и посетители ❤️ Пред некој ден беа 3, сега се 7! Секое утро едвај чекам да влезам во лифтот за да видам што ново ме чека! Но тука не застана празничната атмосфера: Моите прекрасни комшии закачува бадникови гранчиња на вратите низ влезот, а низ Вибер групата за зградата се ширеа празнични честитки. Доволно е мал убав гест за да ја разбудите добрината што ја има во сите нас. Бидете тој позитивен пример од вашето најмало опкружување, само така ќе стигнеме до општеството што го посакуваме! Како што вика Marko Noveski, #ширимепозитива! Што е тоа што ти ќе направиш денес? :) -- Positive energy is addictive I'm new in my building. Since I posted my hand made new year greeting card in our elevator, a very positive trend began. Instead of vandalism, every day our elevator got new hand made cards from neighbors or visitors ❤️ A few days ago there were 3, now there are 7! Every morning I can't wait to get to the elevator and see what awaits me! And it didn't even stop there, neighbors hung badnik branches to doors in our hallway, and in our Viber chat group there were lots of holidays greetings. One positive gesture is enough to awaken the kindness that lives in all of us. Be the positive example in your area, only like that we will transform our society into the positive one we so desire. What is the positive thing you will do today? :)
-->-->Posted by Gorjan Jovanovski on Sunday, January 10, 2021
С. С. | Црнобело