Taмара Тодевска со фотосесија во проѕирен едноделен аутфит ја честита Новата година
- Детали
- четврток, 31 декември 2020
„Оваа година беше голем тест за сите нас. Ова беше година на предизвици, тешкотии и создавање нова реалност“, ја започнува честитката Тамара Тодевска.
Фото: Мартин Трајановски / Fashion Group
Тамара Тодевска позираше по повод Нова Година со балони, шампањ и едноделен проѕирен аутфит.
Таа на Инстаграм упати честитка до своите фанови:
Оваа година беше голем тест за сите нас.
Ова беше година на предизвици, тешкотии и создавање нова реалност.
Оваа година нè промени. Таа нè натера да ги преиспитаме нашите животи, нашите приоритети.
И колку и да беше тешко, ова беше година на лекции, нa зајакнување.
Ајде да ги славиме сите тие големи лекции во 2020 година и сите да се молиме и да се надеваме на многу подобра 2021 година.
Среќна Нова година!!!
С. С. | Црнобело / Фото: Мартин Трајановски