Романтично запросување на Наталија од Битола, која се избори со ракот на 26 години (видео)

Таа на само 25 години се соочи со најтешката дизајноза, но сега тоа е зад неа, а по завршувањето на хемотерапијата нејзиниот партнер ја изненади со прекрасно запросување.

romantichno-zaprosuvanje-na-natalija-od-bitola-koja-so-izbori-od-rakot-na-26-godini-video-01.jpg

Наталија Михајловска од Битола, студентка на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на Факултетот за медицински науки, на само 25 години ја водеше најтешката битка во својот живот.

Но, за среќа сега сето тоа е зад неа.

Сега има 26 години и почнува одново уште посилна од претходно.

romantichno-zaprosuvanje-na-natalija-od-bitola-koja-so-izbori-od-rakot-na-26-godini-video-03.jpg

Дијагнозата рак на дојка ѝ донесе многу предизвици и тешкотии, особено затоа што примаше хемотерапија во време на пандемија, но ѝ ја донесе и мудроста дека за ништо во животот не вреди да се нервира, и ја засили љубовта кон нејзината струка и ѝ докажа дека околу себе има луѓе кои вистински ја сакаат и за неа душа би дале.

Сега, таа доживеа еден од најубавите мигови во животот. По завршувањето на хемотерапијата нејзиното момче клекна пред неа и ја побара нејзината рака.

romantichno-zaprosuvanje-na-natalija-od-bitola-koja-so-izbori-od-rakot-na-26-godini-video-02.jpg

Погледнете го ова романтично запросување:

Posted by Natali Mihajlovska on Saturday, December 26, 2020

Наталија ја раскажа својата приказна за борбата со ракот за CRNOBELO, прочитајте ТУКА

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Сопругата на Тони Михајловски со емотивна објава: „5 години од дијагнозата канцер, 5 години во грч и... „По дијагнозата рак, само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg