„Трите ѕвездички Миа, Каја, Софиа“ - Пере од Нокаут со трите ќерки во прегратка
- Детали
- петок, 25 декември 2020
Празничниот период го обожаваме поради прекрасните семејни фотографии, а сега Пере од Нокаут објави токму таква со својата новородена ќеркичка Софиа и двете ќерки Миа и Каја од првиот брак.
Никола Перевски - Пере од Нокаут има две ќерки од првиот брак, а сега ја доби ќеркичката Софиа од вториот брак со саканата Јована.
Тој својата најмала наследничка ја нарече трилече што мириса на млеко, а сега како честитка за католичкиот Божиќ објави фотографија со трите ќерки во прегратка.
Очигледно Миа и Каја ѝ се радуваат многу на малата Софиа.
„Трите ѕвездички Миа, Каја, Софиа. Среќен божиќ и од нас!“, напиша Пере во описот на фотографијата.
С. С. | Црнобело