„Од работа нема срам“ – Панчо од ДНК се вработи како пица мајстор во корона кризата
- Детали
- четврток, 17 декември 2020
Музичката индустрија е една од најпогодените во кризата од пандемијата, а Панчо од ДНК е еден од оние кои не се предаде и храбро продолжи да работи, но во друга индустрија – сподели дека се обучил за пица мајстор.
Дефинитивно не постои срам за работа, а Владимир Блажев – Панчо е пример кој го покажува тоа.
Корона кризата ги остави музичарите без никакви приходи, па некои од нив мораат да се снаоѓаат во други индустрии.
Панчо на својот профил објави видео од кујна, каде работи како пица мајстор.
Секоја чест за примерот, а се надеваме дека наскоро ова лудило ќе помине и музичарите ќе се вратат на својата сцена.
Во описот на видеото Панчо напиша:
Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и заблагодарам на D'Kitchen и целиот нивен тим што ме вработи и даде можност да го “испечам” занаетот за пица мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи .
Покрај највкусните гиро пити и пастрмајлии, за кратко време ќе го прошират нивното мени со пица за кои ме обучуваа последните 3 недели.
За кратко ќе уживате во вкусовите, а јас со нетрпение чекам да се дружиме, само што овој пат јас ќе ги правам, а вие ќе ги јадете и уживате. Да не заборавам да го пофалам и Ognen кои исто така одлично се снаоѓа во улогата на продавач . Се гледаме во DKitchen
Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и заблагодарам на D'Kitchen и целиот нивен тим што ме вработи и даде можност да го “испечам” занаетот за пица мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи . Покрај највкусните гиро пити и пастрмајлии, за кратко време ќе го прошират нивното мени со пица за кои ме обучуваа последните 3 недели. За кратко ќе уживате во вкусовите, а јас со нетрпение чекам да се дружиме, само што овој пат јас ќе ги правам, а вие ќе ги јадете и уживате. Да не заборавам да го пофалам и Ognen кои исто така одлично се снаоѓа во улогата на продавач 😊 Се гледаме во DKitchen
Posted by Vladimir Blazev on Wednesday, December 16, 2020